Уникатни божиќни традиции низ целиот свет

Уникатни, чудни, па дури и „мрачни“ обичаи се нормални во некои земји за време на божиќните празници.

1) Крампус (Австрија и Унгарија)



Крампус, лошиот „колега“ на Дедо Мраз, според легендата има задача да ги казнува децата пред Божиќ. Тој изгледа како црвен ѓавол со копита, рогови и долг јазик, иако може да има и форма на брадест див човек или голем влакнест ѕвер. Наместо вреќа полна со играчки, тој носи ланци, зема лоши деца и ги фрла во пеколот. Забавни настани на оваа тема има во Австрија и Унгарија, кога полно луѓе се маскираат во Крампус и се шетаат или се тркаат по улиците.

2) Ганна (Етиопија)



Дел од етиописката божиќна прослава е брутална игра со топка и стапови, наречена ганна. Според локалната традиција, библиските овчари ја играле играта кога за прв пат слушнале за раѓањето на Исус. Топката е направена од кожа или од маслиново дрво и лесно може да ги повреди играчите.

3) Забави на плажа (Австралија)



Во Австралија, 25-ти декември се паѓа на средината на летниот одмор, за кое време се приредуваат забави на плажа.

4) Kentucky Fried Chicken (Јапонија)



Традицоналната божиќна вечера за милиони Јапонци не е мисирка, туку кофа од KFC. Божиќот не е премногу религиозен празник бидејќи повеќето жители не се идентификуваат како христијани, но е забавна прослава. Во неделите пред празникот, статуите на маскотата на KFC, полковникот Сандерс, се облекуваат во дедо мразовска облека, а кокошката се сервира во специјално празнично пакување.

5) Ла Бефана (Италија)



Италијанските деца веруваат дека божиќните подароци не им ги носи Дедо Мраз, туку стара вештерка наречена Ла Бефана која користи метла за да ги чисти нечистите куќи.

6) Консоада (Португалија)



Консоада е традиционала празнична божиќна вечера со која им се оддава почит на мртвите пријатели и роднини кои веќе не можат да се приклучат на празничните прослави. Тогаш обично се остава една празна столица на трпезата за „душите на мртвите“ кои можеби се присутни, а остатоците од храната се оставаат преку ноќ во случај да не навратат гладни духови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби