Најдобри карневали и фестивали низ светот

Карневалите не се само за забава, бидејќи честопати уметниците преку нив ги искажуваат и своите провокативни ставови.

Овие настани привлекуваат стотици, па и илјадници туристи и локално население, па се идеалната прилика за прикажување на делата пред голема публика. Еве некои од најдобрите карневали и фестивали низ светот од кои вреди да бидете дел:

1) Венеција, Италија



Екстравагантните костими и декоративни маски го прават карневалот во Венеција еден од најелегантните настани во Европа. Карневалот привлекува во просек околу 3 милиони луѓе во Венеција секоја година и е прослава чии корени се мноштвото историски настани и раскошните балови. Свеченостите кои траат 2 недели започнуваат со акробатско водено шоу на каналот Rio di Cannaregio, а за тој временски период улиците на Венеција се „живи музеи“ преполни со костимирани и маскирани луѓе.

2) Њу Орлеанс, Луизијана

Mardi Gras прославата во Њу Орлеанс е најголемата од овој вид во САД, во која секоја година се одвиваат паради. Таа започнува на 6-ти јануари и трае до Mardi Gras денот на 25-ти февруари.

3) Рио де Жанеиро, Бразил

Можеби најголемиот карневал е оној во Рио, кој ги привлекува посетителите со прекрасните „пердувести“ костими и самба ритмовите. Со корења во африканската трговија со робови, самба стилот на музика и танцување сега се дел од идентитетот на Рио и интегрален дел од карневалот. Фестивалот се слави 5 дена, а дел од него се милиони посетители.

4) Кадиз, Шпанија

Карневалот Кадиз е најстарата забава од овој вид во Шпанија и потекнува од нејзината поврзаност како голем трговски партнер со Венеција во 16-тиот век. За време на карневалот големи групи на музичари настапуваат низ улиците, а најпозната негова компонента се пејачките групи кои изведуваат сатирични песни преку кои исмеваат одредените аспекти на политиката и поп културата.

5) Санта Круз де Тенерифе, Канарски Острови

Овој фестивал започнува со откривање на кандидатите кои се стремат за титулата „Кралица на карневалот“, а завршува со финално крунисување на победникот. Тој трае еден месец, за кое време се одржуваат бројни дневни паради и концерти.

6) Бинче, Белгија

Прогласен за нематеријално културно наследство на UNESCO, овој уникатен карневал вклучува разни фолклорни традиции, како што се фрлање на портокали за добра среќа. Оние кои се дел од прославата можат да се облечат како еден од 4-те традиционални карактери со специфични маски и костими.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си биле Трпе и Лео и живееле во Струга. Паднале големи дождови, се излил Црн Дрим и почнал да поплавува. Трпе живеел на 3 спрат, а водата стигнала до 2. Доаѓа Лео со чамец пред...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1573.- Роден е Микеланџело Караваџо, италијански...
1831.- Во Сподње Ретје е роден Фран Левстик,...
1864.- Во Лондон е основана Првата...
1891.- Во Њујорк умре Херман Мелвил, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби