Популарните цртани јунаци Том и Џери го слават 80-от роденден

Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, неделава прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, проткаена со урнебесни ситуации, е измислена во одделението за анимација на филмската продукциска куќа МГМ. Авторите Бил Хана и Џо Барбера имале за цел да го достигнат успехот на Волт Дизни.



Првата епизода е објавена 1940 година, при што мачорот на почетоот се викал Џаспер, а глувчето – Џинкс. Постигна огромен успех, па дури и му донесе номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото.

Кратко потоа Џаспер и Џинкс биле преименувани во Том и Џери. Околу тоа дали тие ќе зборуваат, авторите го зеле предвид успехот на немите филмови со Чарли Чаплин, па знаеле дека ликовите можат да бидат забавни и без дијалог.

Музиката за цртаниот филм ја компонирал Скот Бредли, а прочуениот човечки врисок на Том го овековечил лично Хана. Првите 20 години, Хана и Барбера произвеле над 100 кратки цртани филмови и секој чинел во просек по 50.000 долари.

Цртаните се појавија и во неколку играни филмови – Џери се дружеше со Џин Кели во „Подигнете ги сидрата” од 1945 година, а потоа двајцата со Том се појави покрај Естер Вилијамс „Опасно е кога е влажно” (1957).

Откако МГМ го затвори студиото за цртани филмови 1957 година, Хана и Барбера покренаа своја продукциска команија. По неколку години МГМ одлучи да ги оживее Томи и Џери, но без оригиналните автори. Продукцијата потоа е преместена во Прага, Чешка, поради помали трошоци.

Пред неколку години, египетските власти се обидоа да го обвинат цртаниот филм за растот на насилство на Блискиот Исток, а пак иранските власти во една прилика ги споредија односите на земјата со САД со оние на Том и Џери.

Бил Хана почина во 2001 година, а Џо Барбера во 2006 година.

Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери“ денес ги поседува компанијата Ворнер Брос. Се планира и нов филм пред католичкиот Божиќ оваа 2020 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби