„Nike“ со моќна кампања против расизмот: Не преправајте се дека нема проблем во Америка

Во екот на протестите против расизмот и полициската бруталност во САД, американскиот производител на спортска опрема „Nike“ покрена кампања под слоганот „Не прави го тоа” (Don’t do it). Тоa е, всушност, изменета верзија на она познатото „Направи го тоа“ (Just do it).

Демонстрантите ширум САД излегоа на улица по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој практично беше убиен при приведување во Минеаполис, Минесота, бидејќи полицаецот му ја држеше својата нога на вратот.

„Овој пат – не прави го тоа… Не преправајте се дека нема проблем во Америка. Не вртете му го грбот на расизмот. Не прифаќајте да се одземаат недолжни животи. Повеќе не наоѓајте изговори. Немојте да мислите дека вас тоа не ве засега… Ајде сите да бидеме дел од промената!“, порача компанијата „Nike“ во видеопорака поставена прво на Твитер, а потоа и на YouTube. Пораката е испишана со бели букви на црна позадина.

Во знак на солидарност, компанијата Адидас ја го сподели видеото со своја порака – „Само заедно ќе одиме напред. Заедно водиме до промени”.

Оваа кампања не е прва со која „Nike“ зачекори во областа на политичко-општествената правда во САД. Во септември 2018-та, компанијата предизвика лавина реакции објавувајќи неколку реклами со рагбистот Колин Каперник, во време кога тој беше критикуван затоа што не станал при едно изведување на американската химна, токму во знак на протест против расизмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби