Во Јапонија нагло опаѓа продажбата на цигари

Трендот на пад на продажба на цигари во Јапонија, во период помеѓу 2011 и 2019 година, коренсподира со растот на продажбата на уредите кои го загреваат, а не го горат тутунот (ХТП), укажува стручната студија на американски истражувачи од Јужна Каролина и од Канада.



Резултатите од последното истражување кое е направено овој месец укажуваат на поврзаноста на драстичниот пад на продажбата на цигари во Јапонија од 2016-та година наваму со растот на продажбата на ХТП уредите.

Автори на студијата се Мајкл Камингс и Џорџ Нахас од Медицинскиот универзитет во Чарлстон од Јужна Каролина и професорот Дејвид Свинор од канадскиот Универзитет во Отава, кои во истражувачката работа користеа податоци од Институтот за тутун во Јапонија и извештаите на тутунскиот гигант „Филип Морис“.

Како што наведуваат авторите, замената на цигарите со ХТП уредите има голем потенцијал да ја поттикне стратегијата за намалување на штетата во однос на последиците од долгорочното пушење цигари. Јапонија е иницијално подрачје за продажба на уреди базирани на оваа иновативна технологија, а на тој пазар компанијата „Филип Морис“ во 2014 година го претстави IQOS, а две години подоцна се појавија и уреди на други производители базирани на технологијата на загревање на тутунот.

Според досегашните анализи, Јапонија моментално е најразвиен пазар, според бројот на корисници, на технологијата на несогорлив тутун.

Резултатите од оваа студија покажуваат дека меѓу 2011-та и минатата година, севкупната продажба на класични цигари се намалила за 38 отсто. Конкретно, продажбата на цигари побавно, но стабилно опаѓала во текот на четири години од анализираниот период – од 2011-та до 2015-та година.

Во последните пет години, пак, цигарите драстично помалку се пушат додека бројот на корисници на ХТП уреди расте, што истражувачите ги наведува на заклучок дека забрзаниот пад на продажба на цигари во Јапонија од 2016-та година наваму одговара на воведувањето и растот на продажбата на овие уреди.

Студијата на американските и канадските истражувачи е објавена во швајцарското списание МДПИ, кое ја поддржува научната заедница. Резултатите од оваа студија во голема мерка се базираат на поранешните истражувања на истата тема спроведени од страна на Американското друштво за борба против ракот, објавени минатата година во Бритнското медицинско списание за контрола на тутунот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби