„Карантински приказни“ за поддршка на здравството

Над 200 „карантински“ текстови стигнале на адресата на Издавачки центар ТРИ кој на крајот на март го распиша конкурсот т.е. Пишувачкиот предизвик „Карантински приказни“. Текстови до ТРИ пратиле голем број љубители на пишаниот збор, но и докажани автори, поттикнати да учествуваат во создавањето антологија од раскази настанати и инспирирани од карантинот.



ТРИ соопшти дека оваа недела „Карантински приказни“ ќе стигнат до читателите во две различни изданија: во печатена форма кое, како што наведува издавачот – ќе биде гласник на хуманоста и во кое се собрани расказите на докажаните авторски имиња: Јагода Михајловска-Георгиева, Винка Саздова, Петар Андоновски, Ѕвездан Георгиевски, Лидија Димковска, Трајче Кацаров, Наташа Сарџоска, Виолета Танчева-Златева и други.

Оваа книга ќе може да се најде на сите продажни места на ТРИ по симболична цена, а целиот износ од продажбата ќе биде дониран за здравствена опрема на Клиничкиот центар во Скопје.

-Така, ТРИ и авторите на свој начин ќе придонесат во борбата со пандемијата и за подобрување на условите во македонското здравство. Одлуката за овој потег произлегува од желбата да се биде солидарен со колективната состојба, преку ваквиот пионерски чекор во издаваштвото, соопшти Издавачки центар ТРИ.

Второто издание од „Карантинските приказни“ е во електронска форма и е достапно бесплатно на апликацијата kniga.mk на Издавачки центар ТРИ. Во ова издание се собрани над 100 авторски текстови од учесниците во предизвикот кои првпат се претставуваат пред читателската публика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Детето и вели на мајка си:
- Мамо, види, секојпат кога му давам на кучето колаче му се крева опашката.
- Сине, не му ги давај сите, чувај малку и за татко ти.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
138.- Умре римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој...
1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор,...
1559.- Умре францускиот крал Анри Втори, татко...
1774.- По шестогодишната војна меѓу Русија и...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби