Мачу Пикчу отворен за само еден турист од Јапонија

Перу го отвори Мачу Пикчу само за еден јапонски турист, кој чекаше скоро седум месеци за да влезе во архитектонскиот древен комплекс на Инките. Туристот е „заглавен“ во јужноамериканската земја поради пандемијата на коронавирус.



– На Џеси Такајама му беше дозволено да ја види историската знаменитост благодарение на специјалното барање коешто го упати. Од средината на март, тој е блокиран во малиот град Агуас Калиентес, кој се наоѓа во долината кај Мачу Пикчу, рече министерот за култура, Алехандро Неира.

– Тој пристигна во Перу со цел да си го оствари сонот – да влезе. Јапонскиот државјанин влезе со нашиот управител на паркот за да може да го стори тоа пред да се врати во својата земја, додаде министерот.

Во Перу, досега, 33.305 лица починаа од коронавирусот. Тоа е највисока смртност по глава на жител во светот. Меѓународните летови во меѓувреме се повторно отворени, но пандемијата го уништи туризмот во земјата.



Такајама, кој добил билет за Мачу Пикчу во март, во саботата ја посети културно-историската знаменитост. Тој е првиот турист што по седум месеци влезе во Мачу Пикчу.

– Толку е неверојатно! Ви благодарам!, изјави тој во свое видео од врвот на Мачу Пикчу.

Неира најави дека во ноември ќе биде отворен комплексот и за домашни и за странски туристи. Ќе бидат дозволени само 30 отсто од вообичаениот капацитет. Мачу Пикчу во нормални услови го посетуваа 675 луѓе на ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби