Бил Гејтс смета дека пандемијата ќе заврши во текот на 2022 година

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејт, новиот Омикрон сој на коронавирусот го нарече „загрижувачки“, но додаде дека „акутната“ фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година.



-Можеби е глупаво повторно да се предвидуваат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во одреден момент во 2022 година. Се надевам дека во иднина за вирусот ќе размислувате само еднаш годишно и тоа наесен додека примате заедничка вакцина против грип и коронавирус, напиша Гејтс на својот блог.

Фармацевтските компании и во историјата имале големи проблеми со продажбата на своите вакцини против грип, поради нивната релативно ниска стапка на ефикасност, како и поради фактот што научниците требаше да предвидат кој вид на вирус ќе биде вирулентен во дадената година.

Гејтс, сепак, е оптимист за терапијата и истакнува дека фармацевтскиот гигант Мерк неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнупиравир, наменет за лицата со висок ризик од тешка коронарна болест.

-Оваа пилула значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од Ковид-19, напиша тој на блогот.

Тој призна дека и покрај примената на вакцините против коронавирусот годинава од Ковид-19 починале повеќе луѓе отколку минатата и додаде дека подобрувањето годинава не е драматично, како што се надевал.

Гејтс се осврна и на појавата на сојот Oмикрон оценувајќи го како „загрижувачки“, но и нагласи дека „светот сега е подобро подготвен да се бори против потенцијално опасните варијанти отколку што беше претходно“.

Богатството на Гејтс за време на пандемијата се зголеми на 137 милијарди долари и тој во моментов е четвртиот најбогат човек во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби