Најстарата жена на светот наполни 119 години

Јапонката Кане Танака – највозрасната личност на светот, го прослави својот 119. роденден, објавувајќи дека е решена да го продолжи рекордот за уште една година.



Танака, која, според наводите, ужива во газирани пијалаци и чоколадо, вчера го одбележа својот голем ден со вработените во домот за стари лица каде што живее – во префектурата Фукуока во југозападна Јапонија. Според Гинисовата книга на рекорди, статусот на Јапонката ѝ бил признат во март 2019 година, кога имала 116 години, па оттогаш само продолжува да го надградува својот рекорд.

Танака е родена на 2 јануари 1903 година шест месеци пред Џорџ Орвел, на пример. Го доживеа владеењето на дури пет јапонски цареви, а се надева и дека ќе го прослави својот 120-ти роденден, објави новинската агенција Кјодо.

Танака е една од големиот и сѐ поголемиот број јапонски стогодишници. Јапонското Министерство за здравство, во проценката од септември, во пресрет на годишниот Ден на почит кон старите лица, објави дека рекордни 86.510 лица имаат 100 или повеќе години, што е зголемување за 6.060 во споредба со претходната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби