Најголемиот бел дијамант продаден за 17,8 милиони евра

„The Rock”, најголемиот бел дијамант понуден на наддавања, продаден е за 17,8 милиони евра – помалку од очекуваното и далеку под рекордот во својата категорија.



– Скапоцениот камен од 228,31 карати, поголем од голф-топче, е навистина посебен дијамант во облик на круша, изјави Макс Фосет, раководител на одделот за накит во аукциската куќа „Кристи“ во Женева, Швајцарија.

Тој беше ставен на продажба од неименуван сопственик од Северна Америка и се очекуваше да биде продаден за 19 до 28 милиони евра. Рекордот на „Кристи“ за сличен бел дијамант е 32,3 милиони евра – за скапоцен камен од 163,41 карати.

„The Rock”, е изваден од рудник во Јужна Африка на почетокот на ова илјадалетие, а периодов беше прикажан во Дубаи, Тајпеј и Њујорк пред да се изложи во Женева.

На аукцијата имаше и светло жолт дијамант пронајден 1901 година, што се поврзува со Црвениот крст, којшто и ќе добие дел од приходот од продажбата. Продаден е за 13,77 милиони евра.

Тој скапоцен камен првпат бил ставен на продажба на 10 април 1918 година во аукциската куќа на „Кристи“ во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби