Лав со „шишки“ – зоолошка атракција во Кина

При посета на Зоолошка градина, главната атракција, вообичаено, е лавот. Со бујната грива, кралот на џунглата, е секогаш посебно доживување. Меѓутоа, еден од нив е навистина посебен.



Животното по име Ханг Ханг се наоѓа во Зоолошката градина во Гуангжу, Кина и поради неговата необична „фризура со шишки“, деновиве е хит на интернет. Но, многумина се прашуваат кој дозволил ова прекрасно животно да изгледа како некој да се шегува со него? Некои забележуваат и дека „лицето на лавот покажува дека тој не е среќен“, бидејќи „изгледа засрамено“ и дека тие што, наводно, можеби „го потстржале“, треба да се засрамат, бидејќи „тоа не е нормално“.

Набргу потоа стигна коментар и од Зоолошката, откаде што порекнаа каков било зафат над неговата грива и дека најверојатен виновник за тоа е високата влажност.

-Во зоолошката градина нема ‘фризерска програма’, а ние не се осмелуваме да му ја кратиме косата на лавот. Може да се каже дека тој ‘сам ја осмислил фризурата’‚“ се наведува во соопштението.

Новостекнатата слава на лавот фрли светлина и на неговото потекло, бидејќи Ханг Ханг е од редок подвид бел лав. Белите лавови ја добиваат својата необична боја од рецесивен ген, слично како и кај белите тигри, а тие се многу ретки во природата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби