Првата продавница на H&M во Скопје се отвора на 18 август

Шведскиот моден бренд H&M ја отвора својата прва продавница во Северна Македонија, во Ист Гејт Мол Скопје, на 18 август во 10 часот наутро.

Купувачите ќе имаат можност да добијат попусти до -50% на одбрани парчиња, во периодот од 18 до 21 август. Исто така, на денот на отворањето, првите 100 купувачи ќе добијат H&M картички за подарок во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 за третиот и по 1.000 денари за останатите.

-Многу сме среќни што конечно ја отвораме нашата прва продавница во Скопје, во еден од најголемите трговски центри во целата земја. Ова е одлична можност и возбудлив предизвик да го прошириме нашето физичко присуство на вака стратешки важна локација. Сакаме да продолжиме да инспирираме и да им дадеме можност на вљубениците во модата во Скопје да изгледаат и да се чувствуваат добро преку истражување на нивниот личен стил и правење на повеќе одржливи модни избори, вели Томас Естрани, регионален Менаџер за продажба во H&M.



Новата продавница на H&M во Скопје се протега на 2.300 м2 и е дизајнирана согласно последните трендови, со цел да понуди модерно и пристапно шопинг искуство.

Нејзината разновидна понуда ќе вклучува широка понуда на облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња, како и модни додатоци. Продавницата ќе работи од 10:00 часот наутро до 22:00 часот во работните денови и во сабота, додека во недела ќе работи со скратено работно време, до 20:00 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој селанец сакал да ја помине реката со трактор, ама не знаел колку е длабока.
Здогледал некоја русокоса покрај патот.
- Невесто, рекава длабока е?
- Не!
Тргнал овој низ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби