„Мекдоналдс“ критикуван за смалување на хамбургерите

Светски познатиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ стана цел на критики на интернет откако некои купувачи од Австралија забележале дека големината на сендвичите значително се намалила.



Откако почнаа масовните поскапувања, многу брендови за храна решија „тајно“ да ја зголемат цената, а да го намалат количеството и големината на своите производи, со што продаваат помалку за повеќе пари. Дебатата за „Мекдоналдс“ почна кога Австралиец спореди еден ,,Filet-O-Fish”, „McChicken“ и обичен хамбургер.

Потоа се јавуваа и други купувачи кои се согласија дека понудените хамбургери сега се „значително помали“. Од раководстовото на „Мекдоналдс“ се огласија и изјавија дека нема промени во големината на прехранбените производи.

-Ние сме посветени на нашите купувачи да им обезбедиме хамбургери со одличен квалитет и одлична вредност, кои содржат 100 отсто пилешко одобрено од РСПЦА и 100 отсто австралиско говедско месо, се вели во соопштението.

Ова не е првпат познатиот синџир за храна да биде обвинет за намалување на големината на своите хамбургери низ годините. Во 2020 година, незадоволен клиент фотографирал чизбургер за којшто рече дека е едвај поголем од неговиот палец… „Мекдоналдс“ тогаш призна дека ги променил своите лепчиња за чизбургери како дел новитетите и новите вложувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби