Македонскиот народен театар ја отвора новата театарска сезона 2022/2023

Македонскиот народен театар во септември официјално ја отвора и новата театарска сезона, исто онака како што и ја заврши старата, со меѓународни гостувања и патувања надвор од границите на државата.



Овој пат во изборот на селектираните претстави се двете најнаградувани претстави од изминатата сезона, „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен и „Нема да биде крај на светот“ од Аднан Лугониќ, и двете во режија на Нина Николиќ.

Првото гостување со претставата „Народен непријател“ ќе се случи на отворена сцена на 1 септември во 20:00 часот, со отворање на Амбиенталниот театарски фестивал „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, во уникатниот амбиент пред Вила „Станковиќ“ - Фрушка Гора.

Фестивалот оваа година се одржува од 1 до 7 септември, под слоганот: „Чудата се случуваат, но треба да ги препознаеме“, а во програмата се опфатени изведби на различни театарски ракописи во кои смело се отвораат некои прашања и започнуваат нови дискусии за нашето време и нашата конфузија.

Покрај МНТ, учествуваат и најголемите театарски куќи од регионот: Народно позориште - Белград, Народно позориште - Ниш, Народно позориште - Сараево, Српско народно позориште - Нови Сад и други.

Претставата во ноември ќе гостува и во Италија.

По гостувањето во Србија, следи изведба на театарската претстава „Нема да биде крај на светот" на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица.

Кон крајот на септември, на малата сцена во МНТ, се очекува и премиерната изведба на безмилосната комедија „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Во претставата во која се одигрува лавиринт на лагите, измамите и непријатните вистини што се случуваат во бракот, играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценограф е Крсте Џидров-Џиби, костимите ги дизајнира Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска.

Во тек се и подготовките за претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски, кој ја поставува оваа моќна современа драма што спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, воедно го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме.

Во претставата играат: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.

Репертоарската програма следи со тековно информирање и објавување на нови проекти/претстави, настани, како и гостувања надвор и на сцената во МНТ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби