Болоња – „највкусниот“ град на светот

Многумина ја сметаат Италија за вистинското гурманско средиште. И, додека Италијанците, во зависност од градот каде што живеат, би се заколнале дека нивното место е центар на највкусните задоволства, се чини – еден град во оваа земја сепак е „залче“ пред останатите.



Имено, читателите на најпознатиот портал за патувања – „Conte Nast Traveler” ја избраа Болоња како „највкусен“ град во светот.

Болоња е главен град на италијанскиот округ Емилија-Ромања, која стручниот тим на „Lonely Planet” на пр. ја нарече – гастрономски рај на Земјата. Оттука потекнуваат „пармезанот“, „мортаделата“, пршутата од Парма и „ацето балсамико“. Овој град е нарекуван и „La Dotta“ – „научен“, „La Rossa“ – „црвен“ (алузија за архитектурата во стариот дел на градот), но и „La Grossa“, што во превод значи – „дебелката“…

Во Болоња првпат се направени лазањите, болоњските тортелини и шпагетите „Болоњезе“. Готвачите овде се посветени на најдобрите можни состојки, одгледани или произведени во оваа област, сезонски, како и оние произведени со што е можно помало човечко влијание.

И, додека многумина брзаат во други италијански градови – Рим, Милано, Венеција итн., Болоња честопати е потценета. Тоа го покажува и податокот дека во 2019 година забележал бледи 1,5 милиони посетители, додека гореспоменатите градови привлекуваат над 10 милиони луѓе годишно.

Помалиот број на посетители е она што ја прави посебната атмосфера во овој град, како и односот кон туристите. Имено, рестораните секогаш се трудат да го дадат својот максимум за да им угодат на своите гости.

Сѐ ова можеби придонесе Болоња да биде „повкусна“ од сите други градови во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби