Млад христијанин вo Газа им дели вода и урми на муслиманите кои доцнат на ифтар

Ихаб Ајад, млад христијанин кој живее во блокираниот Појас Газа, секоја вечер на улиците дели вода и урми на муслиманите кои постат, а сѐ уште не стигнале до своите домови за ифтар.

- Христијаните во палестинското општество не чувствуваат дискриминација, напротив - нашите цели и страдања се заеднички... На муслиманите им делам вода и урми, според мојот буџет. Оваа активност ќе го зајакне духот на братството, љубовта и врската меѓу муслиманите и христијаните. Ги чувствуваме заморот и тешкотиите на долгиот ден на постот, изјави 29-годишниот Ајад.

Тој смета дека ова е гест на толеранција и порака за соживот меѓу христијаните и муслиманите во Газа. Со оглед на тоа дека во мигов е невработен, Ајад за овој Рамазан купил вода и урми од сопствената заштеда и парите што ги собрал за време на христијанските празници.

- Тоа го покажува нашиот соживот и солидарноста. И муслиманите со нетрпение ги очекуваат нашите празници, па и ние им упатуваме честитки за нивните, нагласи Ајад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби