Метусела е најстара жива аквариумска риба во светот - „го помни“ и Рузвелт

Метусела e најстарата жива аквариумска риба во светот. Се наоѓа во паркот „Голден гејт“, во Аквариумот „Штајнхарт“, во рамките на Академијата на науките во Калифорнија.



Есента 1938 година, САД сè уште заздравуваа од Големата депресија, претседателот Френклин Д. Рузвелт беше во својот втор мандат, а Втората светска војна сè уште не беше почнала... И, со пароброд од Австралија, мала риба - тн. дводишалка (dipneustomorpha) пристигна во својот нов дом во аквариумот во Сан Франциско. Таа и денес е жива.

- Таа е убава, прилично задоволна, среќна риба, вели Бренда Мелтон, одговорна за грижа на животните во аквариумот. - Тука е долго време. Подолго од кого било од нас во аквариумот „Штајнхарт“. Имаме среќа што ја имаме.

Неофицијалната титула за најстара аквариумска риба во светот ја наследи 2017 година, откако „Дедото“ - друга австралиска дводишалка, од аквариумот „Шед“ во Чикаго, САД, угина на 95-годишна возраст.

Но, дури неодамна беше спроведено научно испитување за возраста на Метусела, бидејќи старите методи за тоа се инвазивни и, во најголем дел - изводливи само по смртта. Меѓутоа, користејќи нова техника за датирање со ДНК, австралиските научници испитале примерок од една од нејзините перки. Заклучокот гласи дека таа најверојатно има околу 92 години. Резултатите се официјално објавени денеска.

А пак, аквариумот слави 100 години постоење овој месец.

Рибите дводишалки се примитивни суштества коишто виреат 380 милиони години и се сметаат за најблиски живи роднини на првата риба што излегла од морето. Со други зборови, тие ја претставуваат еволутивната врска меѓу рибите и водоземците. Вработените во „Штајнхарт“ ги нарекуваат „живи фосили“.

Метусела инаку е крстена по библиската личност Метузалем - дедото на Ное, кој живеел 969 години, оти на некој начин таа е навистина древна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој селанец сакал да ја помине реката со трактор, ама не знаел колку е длабока.
Здогледал некоја русокоса покрај патот.
- Невесто, рекава длабока е?
- Не!
Тргнал овој низ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби