Музеј во Барселона ги отвори вратите за нудисти на 90 минути

Археолошкиот музеј на Каталонија во Барселона во саботата ги отвори вратите за нудисти, нудејќи им на заинтересираните посебна обиколка низ просториите без облека. Оваа 90-минутна тура е организирана во соработка со каталонскиот „Натуристички клуб“.

- Сакавме да има поинтересна тура, а не обична тура со водич, изјави Едгар Местре, водич кој и самиот ја обиколи изложбата без облека. - Сакавме луѓето кои би дошле да ги погледнат експонатите да се чувствуваат исто како делата што ги гледаат.

Според страницата на музејот, на посетителите им се нуди можност „да им се восхитуваат на изложените дела и да бидат во иста состојба како статуите - целосно голи и опкружени со голите тела на други луѓе“.

- Искуството е исто како да се гледаат делата во облека, но разликата е во тоа што можеби вака подобро разбираме дека голотијата отсекогаш постоела и дека голите човечки тела не треба да бидат извор на срам за никого, вели здравствената работничка Марта - една од нудистите од групата.

Посетителите ја разгледаа изложбата на фотографии на Луиџи Спина Бронко од Ријаци, Италија, познати како „Воините на Ријаци“. На сликите се прикажани две големи грчки бронзени статуи на голи воини од 5. век п.н.е., откриени во 1972 година во морето во близина на градот Ријаци во областа Калабрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби