Австралија избриша град од својата мапа

Витенум е мал град во сојузната држава Западна Австралија наречен - „најопасното место на светот“. Се вели, дека само вдишување воздух во него е доволно да убие. Поради тоа, местото денес е напуштено и се брише од картите, а тука некогаш живееле илјадници луѓе.



Имено, австралиските власти го избришаа Витенум од мапата во обид да ги одвратат посетителите. Инаку, до 2015 година тука имало само шест жители, а до годинава останала само 80-годишната Лорејн Томас. Последната жителка на оваа населба се откажа од борбата за престој во своето место во мај годинава.

Некогаш раздвижениот рударски град е всушност смртоносен и се наоѓа сред најзагаденото подрачје на Земјината јужна хемисфера.

Оваа област, се вели, никогаш нема да биде безбедна за живеење, поради постојаната опасност од азбестоза - но, некои луѓе сепак не можат да ѝ одолеат на можноста за „туристичка авантура“ и Тикток-тури, и покрај предупредувањата на надлежните власти за големите опасности по животот.

При врвот на својот развој - 1930-тите, неколку илјади луѓе живееле во Витенум. Почвата во ова место е богата со син азбест и многу Австралијци се населиле таму за да најдат работа околу рудниците. И следните неколку десетлетија тој бил рударски град... Но, рудниците се затвориле во 1996 година, поради премалата заработка, но уште поважно - големите човечки загуби.

Според податоците, над 2.000 работници и жители починале од вдишување на смртоносните азбестни влакна. Воздухот и денес е штетен, па Владата веќе ги урива живеалиштата, ја затвори депонијата за отпад од рудниците, сѐ со цел - потполно затворање на населбата. И покрај тоа, тука сѐ уште има три милиони тони отпад од азбест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби