Виртуелните дрвца од „Боренка“ станаа природни

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници во масовна акција за обнова на шумите во Источниот регион

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници, заедно со Национални шуми, учествуваа во заедничка еко акција за целосна обнова на шумите во Источниот регион. Насадени се нови 10 000 дрвца на површина од 4 хектари, во Делчево – Стар Истевник, регион чиј зелен појас беше оштетен од шумски пожари во 2020 – 2021 година. Оваа акција е дел од партнерството на Телеком со Сојузот на извидници, преку проектот „Боренка“.



„Боренка“ е еко иницијатива за обнова на опожарени региони во која може да учествуваат сите: како креатори на виртуелната шума или како волонтери за пошумување преку Сојузот на извидници и општините. Во виртуелната шума на www.borenka.mk секој може да нацрта и да засади свое виртуелно дрвце. Македонски Телеком се обврза за секое нацртано дрвце во Источниот регион да насади природно. Во заедничката акција за пошумување во која учествуваа над 100 волонтери: вработени во Телеком и извидници, виртуелната магента шума стана природна.

Македонски Телеком почна со обнова на зелениот појас зафатен од пожарите уште минатата година, како дел од ESG агендата на компанијата. Преку партнерството со Сојузот на извидници го прошири своето поле на делување, ја зголеми свеста за проблемот и масовноста на акцијата.



Освен акциите на терен и креирањето виртуелна шума, со ова партнерство се јакне и се развива волонтеризмот и едукацијата на најмладите за заштита на животната средина. Во последниве неколку месеци, над 3000 деца од Македонија беа дел од едукативните работилници на „Боренка“, каде што научија колку се важни шумите и нацртаа свое дрвце во виртуелната шума.

Шумските пожари уништија голем дел од зелениот појас во Македонија, а за да се направи вистинска разлика потребна е заедничка акција. Заедно со нашите пријатели извидници, повикуваме на масовно вклучување на граѓаните и компаниите за да се обноват сите региони зафатени од пожарите.

Повеќе за „Боренка“ на: www.borenka.mk



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби