Saatchi & Saatchi Скопје го освои регионот!

Saatchi & Saatchi Скопје, дел од Publicis Groupe Скопје и оваа година го освои CIM Forum Котор 2024. На регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Forum Котор 2024 кој се одржа од 6-9 јуни во Котор, Црна Гора, Saatchi & Saatchi Скопје освои 6 награди меѓу кои незначајните: Агенција на годината и Кампања на годината за кампањата Tongue twisters (Брзозборки) за Црногорски Телеком.



Покрај овие 2 награди Saatchi & Saatchi Скопје, освои уште 4 награди во други категории:

· Надобро лансирање на нов бренд - Saatchi & Saatchi Skopje – „Kad će prvi?“ за НЛБ Банка Подгорица

· Најдобра интеграција на традиционални и нови медиуми - Saatchi & Saatchi Скопје - „Брзозборки“ за Црногорски Телеком

· Најдобра кампања со ограничен буџет - Saatchi & Saatchi Скопје – „Брзозборки“ за Црногорски Телеком

· Најдобра употреба на видео/мултимедиа - Saatchi & Saatchi Скопје – „Пројект летовање“ за Црногорски Телеком

Креативните проекти за чија реализација, Saatchi & Saatchi Скопје ја доби довербата на своите клиенти e потврда за успешната партнерска соработка и за заедничкиот успех.

“Овие награди се значаен успех за нашата агенција, потврда за креативноста и извонредноста на тимовите, кои успешно работат за клиенти и проекти надвор од границите на нашата земја, посебно во Црна Гора и земјите од Адриатик регионот”, изјави Дејан Спиркоски Креативен Директор на Saatchi & Saatchi Скопје.

Тимската работа, талентот, одличноста на агенцискиот производ и успехот на брендовите на клиентите се во фокусот на Publicis Groupe Skopje, и тоа се негува веќе повеќе од 27 години. Со континуиран напредок, иновативност во комуникациите и примената на технологии, оваа агенција е еден од креативните и комуникациски лидери во регионот, работејќи на проекти со широк опсег на комуникациски и маркетиншки специјализации, во речиси сите индустрии.

CIM Forum се одржува по трет пат во Котор и е регионален фестивал на кој се слави креативноста, иновативноста и извонредноста во областа на креативните индустрии, маркетингот, медиумите и комуникациите. На него присуствуваат истакнати имиња од областа на маркетингот, медиумите, уметноста и другите комплементарни креативни индустрии од Црна Гора и регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби