Пролет без амбалажен отпад по улиците и парковите не е утопија!

Пролетта пристигна и веднаш нѐ повлекува надвор на шетање и на уживање во природа. Но, за жал во градовите зеленилото честопати се бори со бетонот, но уште потажно е кога е помешано со разни отпадоци што го опкружуваат. Во градовите, можат да се видат остатоците од нашата неодговорност фрлени во зелените површини, по патеките, меѓу дрвјата, токму меѓу цвеќињата и сонцето, колку и да се трудиме да се преправаме дека не го гледаме. Слична, ако не и полоша, е сликата по магистралните патишта, по излетничките места.



Пластичните шишиња расфрлени секаде, лименки под стапалата, филтри од цигари скриени во тревата е редовна слика што многу често не дочекува кога ќе се разубави времето. Во јавноста се поставува прашањето: дали заслужуваме повеќе? Дали заслужуваме почиста глетка, посвеж воздух, почиста совест? Одговорот е секогаш едноставен и најчесто почнува со мали, но доследни избори.

Одговорот на овие навидум комплицирани прашања е да се одлучиш за стаклено шише наместо за пластично. Да понесеш ќеса со себе, да го собереш отпадот позади себе, а понекогаш и од други луѓе. Да ги одложиш амбалажите, приборот, лименките, да не оставаш ништо зад себе освен трагата и почитта кон природата.

Системите за селекција на Пакомак постојат за да ни ја олеснат одлуката, да ни помогнат и да ни покажат дека одложувањето на отпадот е едноставен процес. Селекцијата не е работа само на институции туку е на секој човек што ќе се реши да истури ѓубре од прозорец на автомобил, шета по тротоар или се забавува со своето дете во некој парк.

За да се олесни целиот овој процес, контејнерите на Пакомак, што се во три бои се наменети точно за оној отпад што нам ни е најважен. На пример зелениот контејнер е место каде што одложуваме стаклена амбалажа, шишиња, тегли, стаклена амбалажа од козметика итн, синиот контејнер за хартија пак е место каде што фрламе поштенски кутии, тетрапак, тетратки, постери, кутии од храна, амбалажи од сапун и патики, додека жолтиот е за пластика и лименки.



А сега постои начин да бидеме наградени за еко-одговорноста, со одложување на отпадот во Повратните вендинг машини (ПВМ) на Пакомак. За секое одложено парче амбалажен отпад, корисниците на ПВМ добиваат „зелени поени“ преку бесплатната мобилна апликација ЕкоМак, кои потоа можат да ги искористат за плаќање сметки, јавни и комунални услуги, донации и слично. Вакви ПВМ се поставени на повеќе локации во неколку градови од земјата, кои можат да се видат на мапата на следниот ЛИНК.

Оваа пролет наместо само да и се восхитуваме на природата, да се обидеме да и оддадеме повеќе почит и да се однесуваме многу поодговорно отколку што сме се однесувале досега. Да се вратиме кон неа како чувари и да не дозволиме да и биде одземена убавината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се шетаат две крави и по некое време едната се качува на дрво. Другата ја гледа и &иацуте; вика:
- Што правиш ма на дрво.
- Еве, јадам јаболка.
- Па ова дрво не е јаболка,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби