Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега!

Водечкиот европски синџир дрогерии го организира првиот најголем настан за убавина во нашата земја: dm Feel Your Beauty. Во сабота, на 24 мај од 12:00 до 18:00 часот, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе стане местото за средба на убавина, интерактивни работилници, beauty совети и врвна забава!



Како трендсетер на пазарот, dm не само што нуди иновативни производи и услуги, туку и создава платформа за изразување и креативност. Па така, на едно место ќе бидат собрани едни од најпознатите брендови за шминка, нега на лице и коса, но и природна козметика во уникатната атмосфера на СЦ „Борис Трајковски“.

Брендови што учествуваат на настанот се: Balea, alverde, dmBio, sundance, NIVEA, L’Oréal Paris, GARNIER, MAX FACTOR, syoss, essence, AFRODITA, HADA LABO, ziaja, Neutrogena, AURA, Dove, PANTENE, Bioten, Colgate.

За да бидете дел од овој незаборавен настан, сè што е потребно е да ја обезбедите навреме својата влезница, бидејќи бројот на места е ограничен.

Продажбата на влезници е веќе започната и може да ги купите на mktickets.mk и karti.com.mk.

Со секоја влезница за настанот добивате: подарок dm торба, подарок производ од 19 брендови учесници на настанот, бесплатен оброк и пијалак!

Што ве очекува на настанот?

• 19 катчиња за убавина со 19 брендови што учествуваат на настанот, кои за секој посетител ќе обезбедат атрактивни подароци и советувања;

• Можност за бесплатно одредување на типот на кожа, бесплатен маникир и бесплатна персонализирана анализа на боја што ќе ви помогне да откриете кои нијанси најмногу му одговараат на вашиот тен, коса и боја на очи;

• Забавни активности на штандовите: игри, активации и промоција на производи;

• Можност за учество во работилници: изработка на лосиони и балсами за усни, изработка на dream catchers;

• Одлична забава, катче за сликање и зона за опуштање.

Замислен како манифестација од саемски тип, настанот на dm – Find Your Beauty – на присутните ќе им овозможи од сосема нов агол да се запознаат со различните брендови, да добијат разновидни подароци и да освојат вредни награди преку разни активации.

Со својата посветеност на квалитет, одржливост и инклузивност, dm ја поставува рамката за идните трендови во индустријата за убавина. Овој настан е одраз на визијата на dm за убавина – да биде достапна, разновидна и инспиративна за сите.

Обезбедете ја навреме вашата влезница и се гледаме на 24 мај!

*Сите содржини и производи на настанот се комплетно бесплатни, а настанот ќе се снима и ќе се фотографира за објавување во медиуми и на каналите на dm.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си имал Мујо пит бул, а Хасо волчјак. Се здавиле кучињата и пит булот го изел волчјакот. Отишол Хасо и купил дога. Пак се степале кучињата и пак пит булот победил. Хасо отишол по...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби