Разоткриени најголемите магионичарски трикови

Магионичарките трикови секогаш не оставаат без здив, но секој од нас знае дека постои логично објаснување за трикот. Сега имате можност да видите што стои зад 12 најголеми илузии.

Дејвид Коперфилд е мајстор за исчезнување, но кога наместо вообичаените зајаци ќе направи да исчезне национален споменик тежок над 200 тона, тоа е веќе нешто друго. Неколку минути откако Статуата на слободата исчезна пред публиката, откриено е едноставното решение.

Публиката на Коперфилд, која стоела пред споменикот всушност стоела на ротирачка платформа чии столбови биле покриени со завеса. Платформата толку бавно се вртела што набљудувачите не ни осетиле дека се поместуваат.


Моторна пила ја сече асистентката

Моторната пила која ја сече асистентката на половина е еден од најпопуларните, но и најстарите трикови.

Овој драматичен трик кој и понатаму предизвикува рефлексни извици од публиката се изведува речиси 100 години.

На снимката се гледа масата која е доволно длабока за девојката да ги стави нозете внатре, а друга девојка која е во сандакот ги вади нозете на другата страна.

Ременот кој би требало да ја држи жртвата мирно служи како маска за местото каде двете лица се спојуваат. Сечилото безбедно минува меѓу двете лица.


Лебдење

Крис Енџел е рок ѕвезда меѓу магионичарите, најмногу поради наклонетоста на женскиот дел од публиката, а неговиот главен трик е левитацијата.

Било да левитира на сама улица или во супермаркет, привлекувајќи го вниманието на публиката, или левитира друго лице, секогаш предизвикува сензација.


Тајната ја разоткри самиот Енџел.

Најважно е публиката да биде зад него додека ја симнува едната чевла, која останува прицврстена на другата, а потоа со невидливата нога зачекорува напред.

Хоризонтална левитација

Хоризонталната левитација, кога сите очи се вперени во тебе и се обидуваат да откријат во што е трикот, воопшто не е лесно да се исценира.

Една од начините е платформата да биде не челичен столб кој е сокриен така што изгледа дека е една од нозете на магионичарите.

Додека платформата „плови“ магионичарот не смее да се поместува. А кога ќе се спушти, мора внимателно да замине за при одењето да не се види шипката.

Гилотина

Покрај моторната пила, гилотината е сличен трик кој го привлекува вниманието на публиката. Станува збор за остро сечило кое при удар ја преполовува јаболката, но не и вратот на девојката.

Долниот дел е клучен бидејќи има мали делови кои го спречуваат сечилото да стигне до вратот, додека малата врата и дозволува на асистентката при падот на сечилото малку да се спушти малку, иако тоа не се забележува поради облеката која ја носи.

Карти минуваат низ стакло

Трикот се состои во тоа што учесникот бира карта, потоа ја враќа во шпилот и добро меша. Магионичарот го зема шпилот и го фрла кон стакло и останува само картата која ја извлекол учесникот и тоа на другата страна од стаклото. Како картата минала низ стаклото?

Бидејќи учесникот ја покажува картата на сите, освен на магионичарот, неговата асистентка која се наоѓа зад стаклото гледа која е картата, ја вади истата од друг шпил и ја лепи на стаклото кога малобројната публика не обрнува внимание.

Камион минува преку човек

Кога Пен со камион минал преку Телер, овој трик влезе во историјата како еден од најпопуларните иако популарните водители сами признаа како тоа го направиле.

Камион бил вистински, а Телер навистина бил незаштитен додека гумите минувале преку него. Трикот бил во носачите на тежина на страната од камионот кој публиката не можела да ги виде.

Така преку Телер минал мал дел од товарот, кој не можел да го повреди.

Цик-цак дама

Цик-цак дама е трик во кој девојка влегува во кабина низ која магионичарот провлекува голема пила, а потоа потполно го поместува средниот дел.

Кога се ќе се врати во првобитната состојба девојката излегува цела и неповредена.

Девојката влегува низ кабината, се врти рамно до левиот ѕид и ја подава раката зад себе за да ја провлече низ средниот изместен дел од кабината.

Одење по вода

Ако може да левитира, за Крис Енцел одењето по вода е просто како грав. Трикот е многу лесен. Имено, Крис оди по плексиглас поставен веднаш под површината на водата.

Плексигласот е речиси незабележлив во вода, па така на Крис не му било тешко на патеката од овој материјал да мине преку целиот базен.

Минување низ Кинески ѕид

Дејвид Коперфилд кој минува низ кинескиот ѕид е навистина неверојатна замисла за која постојат неколку логични решенија кои ги открива снимката.

Фаќање куршум со уста

Фаќањето куршум со уста изгледа како особено опасен трик, сепак станува збор за безбедно решение. Куршумот кој завршува во устата е лажен.

Во моментот на ударот всушност се случува лажна експлозија во заштитната протеза во устата.

Слон кој исчезнува

Слонот кој исчезнува е илузија која неверојатно не само поради големината на слонот, туку и затоа што животното ја нема истата подвижност како и луѓето. На сцената слонот влегува во голема кутија која се затвора. Кутијата се подига за да се покаже дека под неа нема врата. Кога кутијата повторно ќе се отвори, слонот го нема.

Всушност тој е скриен зад дијагонално поставеното огледало во кутијата. Кога се отвора кутијата, публиката има чувство дека таа е празна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби