Најдобрите кациги на зимските олимпијци

Најпопуларниот светски настан во овој период несомнено се Зимските олимписки игри, кои годинава се одржуваат во Сочи. Малку да ги заобиколиме завидните перформанси на спортистите кои ги заслужуваат сите пофалби и да го ставиме фокусот на нешто што можеби и не сте го забележале до сега.

Во продолжение ви ги претставуваме најнеобичните кациги кои ги имаат носено овие спортисти.

Џон Фербаирн

Канаѓанецот Џон Фербаирн тренира во зимскиот спортски центар Sanki во Rosa Khutor, со неговата кацига украсена со неонски мозок.

Бред Спенс

Оваа интересна кацига на олимпиецот Бред Спенс е направена специјално за него за Зимските олимписки игри во Сочи од страна на 17-годишната Џилијан Обленс, која се занимава со ваквата уметност за полесно да ја поднесе битката со ракот.

Сара Рајд

Канаѓанката Сара Рајд ја покажа својата необична кацига за време на тренинг сесија во спортскиот зимски центар Sanki.

Алексеј Соболев

Рускуот сноубордер нашол необичен начин да си го направи престојот во Сочи интересен. 22-годишниот Алексеј го ставил бројот на неговиот мобилен телефон на својата кацига, само за да види што ќе се случи. Резултатот на тоа се преку 2000 добиени пораки.

- Многу е досадно во Олимпиското село, знаете?, се жали младиот сноубордер.

Ерик Нилсон

Патриотот Ерик Нилсон на својата кацига има нацртано две очи и лист од јавор, заштитниот знак на Канада.

Тина Мазе

Персонализираните кациги не се некоја нова шема. Словенката Тина Мазе носеше интересна и помалку морбидна кацига на Олимписките игри во Ванкувер во 2010-та.

Мелиса Холингсворт

Доколку се загледате убаво можете да видите дека Канаѓанката Мелиса носи кацига на која е нацртан скелет од коњ.

Кети Улендер

29-годишната Американка за изборот ги послушала своите следбеници на Твитер, кои изгласале олимпијката во Сочи да ја носи кацигата со орел.

Шели Рудман

Британската тркачка со санки Шели Рудман го одбележа Светското првенство во Германија со необичната насмеана кацига.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби