Види кој се врати: Што би кажал Хитлер ако денес се разбуди?

Малку по малку, моето присуство во трафиките почна да предизвикува одредени проблеми. Мојата личност, посебно кај младите работници, изразува одредена радост, па дури и признавање искажано со зборовите „кул“ и „супер“. Мене сите ми беа неразбирливи, но нивниот израз на лицето ми беше доволен да заклучам како тие млади луѓе многу ме почитуваат.



Ова се првите мисли кои му дошле на ум на Хитлер, во летото 2010 година, откако се разбудил во некоја полјана во Берлин. Во тоа време немало војна, ниту партија. Во Берлин владеел мир, а политиката ја водела Ангела Меркел.

Овој Хитлер е сатиричен Хитлер, кој е опишан на мошне шеговит начин во сатиричниот роман на Тимур Вермес - Види кој се врати (Er Ist Wieder Da). Оваа сатира, го претставува Хитлер како човек од крв и месо, кој на свој начин ја сфаќа и анализира околината во која се разбудил, при што веднаш и остро ги оценувал човечките слабости.

Историскиот лик се разбудил точно 66 години од неговата смрт и наеднаш бил опкружен со денешното општество. Тој го искористил ова општество да започне една нова кариера на телевизија и бил изненаден од неговата гледаност. Земјата во која се разбудил е цинична и бесконечно лакома на успех.

Сатирата е голем хит во Германија, надминувајќи го дури и кралот на бестселерите, Ден Браун и неговата нова книга „Пекол“. До сега се продадени 1.3 милиони примероци од книгата на германски јазик, а за пролет се спремаат и преводи на 35 јазици.



Книгата од неодамна е преведена на српски, а ние Македонците бевме меѓу првите на Балканските простори со превод, благодарение на издавачката куќа Антолог. Цената е единствена во речиси сите држави и изнесува 19.33 евра, која симболично ја претставува годината кога Хитлер дошол на власт во Германија. Сепак кај нас е прилагодена со нашите стандарди, па чини 500 денари и можете да ја купите од овој линк www.kipikniga.mk.

За оваа книга постои и трејлер на YouTube, кој има повеќе од 100.000 прегледи. На забавните програми во Германија ова е топ тема, а се зборува и за пренесување на содржината и на малите екрани. На почетокот, германските критичари се обидувале да ја игнорираат книгата, а подоцна воопшто не ја оцениле позитивно. Левичарите сметаат дека тоа е само едно „смртно досадно дело“, додека десничарите му замеруваат на писателот за начинот на кој е опишан Хитлер со шармантни шеги, што ги прави неговите злодела многу помали.



Вермес е новинар по професија. Тој вели дека не сакал да го опише Хитлер, како што до сега бил опишан, како еден монструм, туку се обидел да ги натера Германците да размислат зошто одредени луѓе му помогнале.

- Прво се обидувавме воопшто да не го спомнеме, потоа го прикажувавме како еден монструм. Подоцна почнавме да се шегуваме со него. Ова е само следен чекор, изјави писателот.

 

Мора да напомниме дека ова не е прва книга, ниту пак филм со сатирична содржина за Хитлер. Сигурно се сеќавате на големиот филм на Чарли Чаплин, „Големиот диктатор“. Што мислите, дали може да се заборави барем за миг на злоделата на Хитлер и конечно заедно со него да се смееме на негова сметка?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби