Мистериозни места за кои нема објаснување

На нашата планета постојат 5 мистериозни места, за кои науката нема објаснување. Иако тие се најпосетувани и најистражувани места долго време, научниците сè уште не можат да објаснат што е она што се случува таму.

Токму на тие местата имало многу жртви, а оние кои успеале некако да се спасат не можат со зборови да опишат што доживеале.

Ѓаволско море



Ѓаволското море или триаголникот на замокот е дел од Тихиот океан, кој е толку многу мистериозен што го споредуваат со Бермудскиот триаголник. Се наоѓа на едно крајбрежје во Јапонија и е толку опасен што дури и Јапонското министерство го прогласи за опасно место.

Овде се случувале многу чудни необјасниви работи, како што се магнетски аномалии, чудни појави на светлина и на одредени објекти, како и мистериозни исчезнувања. Во 1952 година, Јапонската влада пратила истражувачки брод на Ѓаволското море за да откријат што се случува . Бродот и сите членови на екипажот мистериозно исчезнале. Едноставно им се изгубила секој трага.

Ранчот Шерман



Овој ранч се наоѓа во државата Јута, а опфаќа вкупно 480 хектари површина. Таинствените случувања почнале да се појавуваат во почетокот на 50-тите години од минатиот век. Ранчот го носи името Шерман, бидејќи сопствениците на кои почнале да им се случуваат чудни појави, се викале Тери и Гвен Шерман. Тие го купиле ранчот на почетокот на 1994 година. Уште првиот ден почнале да се случуваат страшни работи. На пасиштата здогледале волк, за кој помислиле дека е питом, па отишле да го видат. Волкот веднаш си го покажал вистинското лице и ја нападнал сопственичката. Тери веднаш извадил пиштол и пукал во волкот, но тоа не помогнало бидејќи куршумите се одбивале од животното. Кога Тери видел дека не може  да го спречи, земал сачмарка од автомобилот и пукал во волкот, по што волкот ја пуштил Гвен и избегал.

По две години, сопствениците изјавиле дека забележуваат разни летачки објекти и мутација на новородената стока. Во 1996 година, решиле да го продадат ранчот на Роберт Бигело, кој на тоа место основал институт, каде што и до ден денес се обидува да ги објасни овие чудни појави.

Долината Сан Луис



Оваа долина се наоѓа на јужниот дел од Колорадо, а се работи за место на кое се пријавени илјадници појави на НЛО и стотици необјаснети мутации на животни. Гледањето на НЛО е толку честа појава што Џуди Месолин отворила кула од каде што ќе може да се набљудуваат. Мутациите за прв пат биле пријавени во 1967 година, кога еден коњ бил пронајден без мозок. На лешот на коњот немало никакви знаци на насилство или убоди кои би укажувале на кој начин бил изваден мозокот од телото на животното.

Овие случки станале секојдневие. Сите имале една заедничка карактеристика: немало никакви траги од крв или насилство врз телата на животните и сите инциденти се случувале преку ноќ. Државата покренала неколку истраги, но ниедна од нив не дала конкретни резултати.

Бенингтовиот триаголник



Ова место се наоѓа во југозападен Вермонт и е место на мистериозни исчезнувања помеѓу 1945 и 1950 година. На 12 ноември 1945 година, Миди Риверс водел една група на лов. Во еден момент се издвоил пред групата и никој повеќе не го видел. Полицијата ја пронашла само чаурата од куршум.

Подоцна, на 1 декември, 1946 година, Пола Велден заминала на пешачење и никогаш не се вратила. Три години по исчезнувањето на Пола, пријавено било исчезнувањето на војникот Џејмс Тетфорд, кој со автобус се враќал од посета на роднини. Последен пат го виделе на претпоследната станица, а потоа му се изгубил секој траг. Неговиот багаж бил оставен во автобусот. Истата година исчезнале уште неколку лица на истата локација и никогаш не биле пронајдени. Сите исчезнувале меѓу 1 ноември и 20 декември.

Бриџвотеровиот триаголник



Овој регион се наоѓа во Масачусетс на површина од 200 км2. На ова место биле видени мали, зелени, големи влакнести, летечки чинии, двоглави животни, а пријавени биле и многу исчезнати луѓе. Дури неколку луѓе пријавиле дека ја виделе птицата Тандребрд, која потсетува на големиот Птеродактил, но умрела пред илјадници години. Во 1976 година, некој пријавил дека  див пес со црвени очи му ги заклал двата коња кои паселе на ливада.

Покрај чудните животни кои ги пријавувале многу посетители на овој регион, пријавени се и стотини чудни мутации на стока. Двоглави крави, шестоножни овци, како и гуски без глави, кои живееле неколку години. Сите овие животни може да се видат и денеска, во било кој двор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби