Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап

Дубаи, симбол на луксуз и едно од најпосакуваните места за британските иселеници, станува сѐ помалку атрактивен поради наглото зголемување на трошоците за живот. Сѐ повеќе странци се враќаат во своите матични земји, а популарната фраза од социјалните мрежи „Habibi, don’t come to Dubai“ станува реалност и надвор од интернетот.



Според финансискиот директор на осигурителната компанија „William Russell“, Рос Ирвајн, Дубаи полека го губи својот сјај. - Години наназад беше рај за иселениците – без даноци на плати, сонце во текот на целата година и динамичен живот. Но, трошоците за живот нагло пораснаа, цените на кириите достигнуваат рекорди, а образованието и здравството се сѐ поскапи. Секојдневните трошоци, од храна до забава, се значително поголеми од порано, рече Ирвајн.

Чарли Морган, кој се преселил во Дубаи во 2023 година, по две години одлучил да си замине и покрај високата заработувачка. – Проблемот со Дубаи е што сите планираат да си одат. Тоа е град со ротирачки врати, изјави тој.

Многу Британци се жалат дека трошоците се неодржливи, а притисокот да се следи наметнатиот луксуз е преголем.

Дубаи денес е 15-ти најскап град за живот во светот и најскап на Блискиот Исток, со пораст на цените на недвижностите од 21 отсто, повеќе од Тел Авив, Мајами, Чикаго, Париз и Берлин, иако Лондон останува поскап.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1941.- Македонскиот поет и револуционер Коле...
1944.- Ослободен е Демир Хисар.
1944.- Президиумот на АСНОМ на својата трета...
1944.- Кај селото Отиштино, титовелешко од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби