Родила син три години после смртта на неговиот татко

Мишел Кларк го изгубила нејзиниот сопруг Карл додека била трудна со близнаци. За жал, тоа не била единствената несреќа со која се соочила. Близначињата ги родила пред време и тие не успеале да преживеат. Но, бидејќи Карл дозволил неговата сперма да може да се користи и после неговата смрт, Мишел во тајност го искористила тоа и по пат на вештачко оплодување го добила синот Макс. Изненадувачки, Макс се родил точно три години по смртта на неговиот татко, на истиот ден.


Карл и Мишел

Во 2007-та година на Карл, кој имал само 24 години, му била дијагностицирана леукемија. И покрај хемотерапијата која ја примал и трансплантацијата на коскена срж, тој починал во 2010-та година., Истата година, додека нејзиниот сопруг сè уште бил жив, со помош на вештачко оплодување, 32-годишната Мишел останала бремена со близнаци, а Карл бил пресреќен. За жал, во третиот месец од бременоста, таа останала без сопруг, а заради претрпениот стрес, таа се породила предвреме, додека била во седмиот месец од бременоста. Нејзините недоволно развиени близначиња не издржале и после две недели починале.

Но, Мишел била одлучна да добие дете од нејзиниот сакан сопруг, па го искористила она што го зачувале од неговата сперма и повторно се подложила на вештачко оплодување.

Оваа приказна добива среќен крај откако бременоста поминала како што треба и Мишел родила здраво момче кое го крстила Макс.


Макс

Карл и јас толку многу сакавме да имаме деца. Сега се чувствувам како и тој и близнаците да живеат преку Макс. Раѓањето на Макс беше неверојатно емотивен момент. Колку би сакала Карл да можеше да го запознае неговиот син, кој секој ден сè повеќе наликува на него. Срцето ми се раскинува кога ќе помислам дека можевме да бидеме прекрасно и пресреќно семејство, вели таа.


Макс и Мишел



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби