8 дестинации за незаборавна венчавка од соништата

За паровите кои уживаат во патувањата и авантурите, дестинациските венчавки нудат прекрасни видици и уникатни места кои традиционалните локации често ги немаат.

Еве дел од најдобрите луксузни места за овој тип на венчавка во светот:

1) Alila Diwa Goa, Индија



Лоциран по должината на плажата Гонсуа во Дива Гоа на западниот брег на Индија, Alila Diwa Goa е дом на многу места каде може да се одржуваат свадби. Паровите, на пример, можат да се венчаат под 200 години старо банјан дрво, во балска сала итн.

2) Angsana Velavaru, Малдиви

Оваа локација има три прекрасни места за свадби – во павилјон со стаклени ѕидови, на плажата под сонцето или ѕвезденото небо, или пак под водите на Индискиот океан.

3) Ayana ресорт, Бали, Индонезија



Овој ресорт во Бали е познат по свадбените церемонии кои се одвиваат за време на залезот на сонцето, како и по големиот број на свадбени планери и пакети со понуди за паровите за свадба по сечиј вкус.

4) Bvlgari ресорт, Бали, Индонезија



Тука паровите можат да се венчаат на транспарентна платформа која лебди на површината на базен над Индискиот океан, позната под името Water Wedding (водена свадба).

5) Cowort парк, Лондон, Англија



Паркот Cowort се простира на површина од 240 акри и се наоѓа на само 45 минути возење од Лондон. Познат е по бујните градини, рустичната штала и ресторанот со Мишелин ѕвезда.

6) JW Marriott, Венеција, Италија



Лоциран на приватен остров, овој ресорт нуди романтичен поглед на венециската лагуна, бујни градини и маслинови градини стари со векови.

Тука има и ресторан со Мишелин ѕвезда, а свадбата може да се изведе во камена црква од 19-тиот век, или на надворешната тераса.

7) Otahuna Lodge, Нов Зеланд



Otahuna Lodge е реставриран Викторијански замок кој се наоѓа под базата на антички вулкан, и е најголемата приватна историска резиденција во Нов Зеланд.

8) Sunset Key вили, Флорида



Лоцирани на остров половина километар од Ки Вест, Флорида, овие вили се популарна дестинација за свадби кои можат да се одржат на плажа, градина, ресторан, јахта и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби