Опасни туристички атракции низ светот

Желбата за целосно да се искуси животот многумина ги мотивира да патуваат и да посетуваат локации кои нудат прекрасен видик, но се исклучително опасни и на кои лесно може да се случи некоја несреќа. Некои такви локации се:

1) Hawksbill Crag, Арканзас



Пет до десет луѓе годишно се повредуваат или паѓаат додека планинарат на оваа локација, а пред само неколку дена 20 годишната Андреа Нортон паднала 30 метри кога се обидувала да фотографира на работ на карпата.

2) Гранд Кањон националниот парк, Аризона

Секоја година Гранд Кањонот зема околу 12 жртви, а кај во просек 2 до 3 од нив причината за смртта е паѓање. Останатите причини вклучуваат медицински проблеми, преголема топлина, давење, сообраќајни несреќи и самоубиство.

3) Патот „на смртта“ Југас, Боливија



Рабовите на „патот на смртта“ се покриени со крстови за луѓето кои загинале додека патувале по него. Тој бил поопасен кога го делеле велосипедисти и автомобили, кога годишно на него загинувале 200 до 300 возачи.

Кога автомобилите и камионите биле пренасочени кон нов, помалку опасен пат, стапката на смртност се намалила, но велосипедистите сè уште возат по него. Од 1998-ма, таму загинале 22 велосипедисти.

4) Реките Колорадо, Колорадо

Рафтингот е популарна туристичка атракција во Колорадо – во 2016-та во него учествувале 550 861 луѓе. Но, кога температурите растат, повеќе снег се топи од планините што резултира со опасно силни речни струи. Во 2014-та тука загинале 14 луѓе, 9 во 2015-та и 11 во 2016-та.

5) Монт Еверест – Тибет и Непал



Највисоката планина во светот воопшто не е лесно да се искачи, на „смртоносната зона“ на височина од 7900 метри е особено опасна поради ниското ниво на кислород и нискиот атмосферски притисок. Над 200 луѓе имаат загинато во обидот да се искачат на Монт Еверест.

6) Пештерата „Орловско гнездо“, Флорида

Позната како „Монт Еверест“ на подземните пештери поради тежината и нивото на стручност потребно да се нурка низ неа, таа е длабока над 90 метри, а од 1981-ва тука умреле 12 луѓе.

7) Мон Блан, Франција



Мон Блан е една од најсмртоносните планини во светот, каде секоја година гинат во просек 100 луѓе. Една од причините за оваа бројка е изобилството на тури, каде големиот број на групи кои се качуваат и симнуваат по планината предизвикуваат водичите да ги игнорираат потенцијалните опасности.

8) Мон Хуашан, Кина

Тука посетителите чекорат по тенки даски зацврстени на страната на планината на височина од над 2 километри. Бројката на жртви за која се вели дека изнесува 100 годишно никогаш не била потврдена.

9) „Ангелско слетилиште“, Национален парк Зион, Јута



Оваа планинарска патека е екстремно тесна, а од секоја страна има провалија длабока 300 метри. Од 2004-та тука загинале 6 луѓе.

10) Half Dome (половина купола), Национален парк Јосемити, Калифорнија

Качувањето на оваа локација вклучува искачување по стрмни карпи со помош на кабли. Помеѓу 8 и 20 луѓе загинале откога каблите биле инсталирани пред околу 100 години, а уште повеќе загинале на патеката која води до неа. Националниот парк воспоставил систем на дозволи во 2010-та за да се ограничи бројот на планинарите до 300 дневно, за да се избегнат опасни ситуации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби