Најдалечните хотели низ светот

Низ светот постојат хотели кои ќе ви овозможат вистинско искуство на „бегање од остатокот на светот“. Еве дел од нив:

1) Fogo Island Inn, Канада



Овој хотел е дел од традиционално рибарско село на северниот брег на островот Фого, а 29-те апартмани имаат пристап до сауна на дрва, џакузи на кровот, кино, уметничка галерија и библиотека.

2) Oberoi Vanyavilas резорт за диви животни, Индија



Овој хотел е лоциран веднаш до прифатилиште на тигри и е оддалечен 3 часа возење од Џајпур – главниот град на Раџастан.

3) La Taha резорт и спа, Француска Полинезија



Оваа локација нуди прекрасни плажи и е далеку од цивилизација, лоцирана на 20 минутно летање со хеликоптер од Бора Бора. Тука има 45 водени вили и 12 вили на плажата, како и тропски градини, 3 ресторани и 2 бара.

4) Anantara Qasr al Sarab пустински резорт, Обединети Арапски Емирати



Резортот го опкружува ништо друго освен пустина, а се наоѓа на 2 часа возење од Абу Даби.

5) Dunton Hot Springs, САД



Рустичен однадвор, а удобен и топол одвнатре, кабините на овој хотел се дел од реставриран рударски град. Стара сала за танцување, јавна бања и салон се дел од овој хотел.

6) White Desert Whichaway Camp, Антарктик



Во превод „камп во белата пустина Вичавеј“, се наоѓа на најверојатно најоддалечената локација – Антарктикот. Тука може да го посетите географскиот Јужен пол, а во 6-те објекти за престој има комфорен дел за спиење, работно биро и бања. Остатокот од кампот се состои од кујна и три централизирани објекти кои ја сочинуваат рецепцијата, салата за јадење и местото за одмор.

7) Southern Ocean Lodge, Австралија



Лоциран помеѓу Австралија и Антарктикот, островот на кенгурите на кој што се наоѓа овој хотел е опкружен со бујна вегетација и многу животни – од морски лавови до коали и фоки.

8) Three Camel Lodge, Монголија



Неколкуте традиционални шатори нудат поглед на пустината Гоби и Гоби-Алтаи планините.

9) Mashpi Lodge, Еквадор



На оваа локација може да уживате во природниот резерват, да планинарите покрај прекрасните водопади и сл. Хотелот кој се наоѓа на сред џунглата има големи соби со прозорци од подот до таванот и ресторан во кој се служи традиционална еквадорска храна

10) 3100 Kulmhotel Gornergrat, Швајцарија



Хотелот е лоциран на надморска височина од 3 километри, на Швајцарските Алпи. Со поглед на Матерхорн, хотелот нуди неверојатно планинско искуство. Има 22 соби, 2 ресторани, библиотека и огромен избор на активности како скијање, сноубординг и сл.

11) Hotel Búdir, Исланд



Собите на овој хотел нудат поглед на глечери, планини и полиња од лава, а тој се наоѓа на 2 часа возење од главниот град Рејкјавик.

12) Alila Jabal Akhdar, Оман



Хотелот се наоѓа на самиот раб на еден кањон, а оваа неверојатна локација нуди поглед на планини кои го одземаат здивот, без било каква цивилизација на видик.

13) Kakslauttanen арктички резорт, Финска



Скриени длабоко во шумата, овие стаклени иглоа нудат прекрасен поглед кон лајт шоуто на ноќното небо во форма на Аурора Бореалис, т.е „Северни светла“. Некои иглоа имаат приватна сауна во купатилото.

14) Manta резорт, Танзанија



Подводната соба во овој резорт е перфектен начин за кратко буквално да исчезнете од лицето на Земјата, а е опкружена со стакло низ кое може да го набљудувате океанот и неговите жители. Покрај храната која ви ја носат во определен дел од денот, не постои друг контакт со надворешниот свет додека престојувате тука.

15) Хотел Арктик, Гренланд



Со прозорци кои нудат поглед на монструозно големи ледени санти и фоки во водата, хотелот Арктик во Гренланд нуди уникатно искуство. Иако не се наоѓа премногу далеку од цивилизацијата во споредба со некои други хотели, престојот во него се чувствува како да сте во некој сосема различен свет од нашиот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби