Што сè е нелегално да правите во Венеција?

На 19-ти јули полицијата во Венеција казнила пар туристи од Берлин со глоба од €950 и од нив било побарано да го напуштат градот, а причината за тоа била што вареле кафе на преносна рингла на скалилата на историскиот мост Риалто.

Во овој град се забранети сите јавни пикници, т.е луѓето не смеат да јадат или пијат додека седат на некои локации како плоштадот Св. Марко или мостот Риалто.

Еве што сè е нелегално да правите во Венеција:

1) Седење на плоштадот Свети Марко

На овој плоштад е забрането да се седи, освен во кафулињата или рестораните. Казната за тоа изнесува €200, а есента 2018-та било предложено таа да се зголеми на €500, но тој закон сè уште не е усвоен.

2) Хранење на гулабите на плоштадот Св. Марко



Ова станало незаконско во 2008-ма, а причината за тоа е што изметот на птиците е киселкаст и може да ги оштети мозаиците во историските згради околу плоштадот. Оваа забрана важи и за јавните површини во градот, т.е на сите плоштади и канали. Казната доколку ве фатат во тоа изнесува помеѓу €50 и€200

3) Скокање или пливање во каналите

Доколку тоа го направите, ќе се соочите со казна од €450.

4) Ставање катанци на мостовите и други знаменитости

Оваа забрана е донесена во 2016-та, а казната тогаш изнесувала шокантни €3000. Сега таа е намалена на €100.

5) Шетање делумно гол или со костим за капење во јавност

Без разлика колку е топло во лето, мажите и жените кои шетаат без маици или кои носат костими за капење во јавност можат да бидат казнети €200.

6) Возење или туркање на велосипед во градот.

Само на локалните жители и на децата до 8 годишна возраст им е дозволено да возат велосипед во Венеција, а доколку ве фатат да го туркате казната изнесува €100.

Покрај полицијата, низ градот се шетаат т.н „ангели на пристојност“, кои ги набљудуваат туристите на најпосетените места, кои иако не можат да ги казнат или да ги избркаат од градот, можат да ја контактираат полицијата која тоа може да го направи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби