Напуштени локации низ светот кои можат да ги посетат туристи

Постои некоја чудна спектакуларност кај напуштените места кои веќе не се под влијание на човечките фактори – од напуштени руски градби до разни храмови, еве неколку такви локации низ светот:

1) Pyramiden, Швалбард



Pyramiden е напуштена руска база во норвешкиот Арктик на островот Швалбард, која туристите можат да ја посетат преку разни тури.

2) Централна железничка станица, Мичиген



Оваа железничка станица во Мичиген, Детроит, е висока 18 спрата и е сведоштво на минатите времиња кога патувањето со воз доминирало.

3) Езерото Резиа, Италија



Регионот Јужен Тирол во Италија се наоѓа блиску до границата со Австрија, каде од езерото Резиа се издигнува кула која е дел од остатоците на потопеното напуштено село.

4) Тунелот на љубовта, Украина



Под ова име е познат напуштениот дел од индустриска железничка пруга близу Клеван, Украина, кој е обраснат со дрвја и зеленило во пролетните и летни месеци. При тоа се креира романтичен тунел каде полно парови се фотографираат.

5) Станица Канфранк, Шпанија



Oваа напуштена железничка станица е лоцирана близу границата со Франција, а датира од 1928-ма кога била една од најголемите во Европа. Нацистите за време на Втората светска војна ја користеле за да шверцуваат злато, а преку неа патувале и шпионите кои се приклучувале на анти-нацистичкиот отпор.

6) Балестрино, Италија



Балестрино е село напуштено во 1950-тите откако било погодено од неколку земјотреси.

7) Анкор Ват, Камбоџа



Овој комплекс храмови мора да се види да се поверува, а за да се истражи целиот потребни се неколку денови.

8) Затворот Мекнес Кара, Мороко



Овој напуштен затвор бил изграден во 18-тиот век од Мулај Исмаил, кој се смета за еден од најсуровите поранешни владетели на африканскава нација. Затворениците биле затворани во подземјето, што значи дека помалку или повеќе биле фрлани во дупки од кои повеќето никогаш не ни излегле.

9) Гробишта на автомобили Киркомос, Шведска



Овој напуштен отпад на автомобили во јужна Шведска е полн со зарѓани автомобили на кои во потоплите месеци е израснато зеленило и се покриени со мов – што допринесува за спектакуларниот ефект на напуштеност.

10) Тунелот Броквил, Онтарио, Канада



Комплетиран во 1860-та, овој железнички тунел веќе не се користи и е претворен во парк низ кој што можат да се шетаат посетители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби