Дестинации каде летото никогаш не завршува

Без разлика какво е времето кај нас во било кој период во годината, некаде во светот е постојано сончево и топло.

1) Пукет, Тајланд (2069 часови сончева светлина годишно)



Иако во Тајланд има монсуни, Пукет е конзистентно сончева локација со 2069 сончеви часови годишно и просечна температура од 28°C

2) Хавана, Куба (2140ч. сончева светлина годишно)



Во главниот град на Куба, Хавана, многу ретко денот трае помалку од 7 часа, а температурите низ целата година варираат помеѓу 22°C и 27°C.

3) Тулум, Мексико (2460ч. сончева светлина годишно)



Тука температурите ретко паѓаат под 23°C дури и во зима, па затоа е одлично место за оние кои сакаат топлина. Тулум се наоѓа на 2 часа возење од познатото туристичко место Канкун.

4) Хо Чи Мин, Виетнам (2489ч. сончева светлина годишно)



Просечната температура во градот Хо Чи Мин изнесува 27 °C во текот на целата година. Градот е преполн со луѓе, автомобили и улични продавачи на храна.

5) Нелсон, Нов Зеланд (2500ч. сончева светлина годишно)



Лоциран на Јужното Острово, Нелсон има најмногу сончеви часови годишно во цел Нов Зеланд, поради што е наречен и „сончевиот Нелсон“. Ова е дестинација идеална за авантуристите поради Абел Тасман националниот парк кој се состои од многу острови и заливи, но и за љубителите на помирен одмор, за што се идеални пооддалечените делови на Нелсон.

6) Лигурија, Италија (2720ч. сончева светлина годишно)



Иако температурите опаѓаат во зима, во Лигурија има во просек 9 часа сончева светлина дневно во летниот период и малку дожд преку целата година.

7) Маурициус (2738ч. сончева светлина годишно)



Температурите на овој идиличен остров ретко паѓаат под 20°C. Истиот изобилува со неверојатни плажи и планини, како и со богата храна и пијалаци, правејќи го идеална дестинација за секого.

8) Занзибар, Танзанија (2838ч. сончева светлина годишно)



Не е чудно што Занзибар, полу-автономниот регион на Танзанија, е честа дестинација на туристите. Покрај двете кратки дождливи сезони (март-мај и ноември-декември), на овој остров скоро постојано е сончево.

9) Лангкави, Малезија (2850ч. сончева светлина годишно)



И покрај дождовната сезона која трае помеѓу септември и октомври кога температурата е околу 30°C, Лангкави има просечна температура од околу 27°C во преостанатиот дел од годината

10) Пунта Кана, Доминиканска Република (3030ч. сончева светлина годишно)



Температурите тука во тек на целата година се во просек 34°C, а местото изобилува со ресорти по 50 километарската должина на плажи. Иако официјално не постои дождовна сезона, просечната количина на врнежи се зголемува за време на летото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби