Најлуксузни патувачки искуства низ светот

Некои луѓе уживаат да кампуваат во лето, други да одат на планина во зима, трети фамилијарно да го посетат Дизниленд и слично, а некои пак без разлика на годишното време сакаат да уживаат во што полуксузни патувања и одмори.

Еве дел од најлуксузните патувачки искуства кои можат да си ги дозволат оние со длабоки џебови:

1) Експедиција на Северниот Пол



Ваквата авантура чини $31 000, за што се добива пат во траење од 14 дена на мразокршачот 50 Years of Victory. Се тргнува од Русија, а на Северниот Пол се стигнува на 7-миот ден. По патот може да се забележат поларни мечки, моржови и глечери. Во цената се вклучени и прошетки по мразот како и возење со хеликоптер.

2) Прекрасните планини во Кина



Планините на Wulingyuan, карпите на Zhangye Danxia и глечерските езера на Jiuzhaigou се познати по тоа што ги нудат некои од најпрекрасните глетки во светот. Сите нив може да ги посетите со 11-дневен пат кој чини $123 800 по човек, во што е вклучен и приватен авион со кој се стигнува до подалечните локации.

3) Подводна соба во Занзибар



Во ресортот Манта на островот Пемба во Занзибар се наоѓа бунгалов со подводна соба кој нуди поглед на разновидни риби, корали и друго. Престојот чини „само“ $1700 за едно ноќевање.

4) Рајот во Француска Полинезија



Оваа локација вклучува дузина малечки приватни острови во заливот, прекриени со тропски вили кои во врвот на сезоната чинат околу $12 200 за 5 ноќевања, а секоја од нив има 250м2 простор, надворешна када и сопствен базен од 22м2.

5) Медитеранско крстарење до Монако



Седумдневно крстарење од Барселона до Монте Карло и назад на бродот Star Pride вклучува и посета на светски познатата Grand Prix трка во Монако, а вообичаената цена е $7300 по човек за цела недела. Поскапите апартмани се со вклучени билети за Grand Prix ја креваат цената на околу $17 000.

6) Светска тура



Наменета за оние кои не можат да се одлучат која дестинација да ја посетат, Aman Global Private Jet експедицијата нуди превоз до сите поважни дестинации. Трае 22 дена во април и мај, а цената на пакетот започнува од $126 888 по човек. Ултра-луксузниот приватен авион за таа цена лета, покрај другите земји и до Индија, Виетнам, Тајланд, Кина, Јапонија и Бутан, а вклучува сè – од одмарање на плажите на Егејското море, до шопинг во Црна Гора, па до планинарење на планините во Бутан.

7) Експедиција на Јужниот Пол



Оваа експедиција започнува во Кејптаун, пред со авион да се пристигне до најмалку населениот континент на Земјата – Антарктикот – каде ќе имате прилика да ги истражите ледените планини пред авионот да ве пренесе на вечера со скап шампањ.

Еднодневно изнајмување на приватен авион чини $195 000, а вкупното време на летовите е 5.5 часа, што значи еден час чини околу $18571.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби