10 необични места кои вреди да се посетат

Низ светот има туристички места за кои многумина сметаат дека се преубави за да би биле вистински. Овие надреални атракции навистина постојат и дефинитивно вреди да се видат во живо.

1) Лас Посас, Ксилитла, Мексико



Дизајнирани од британскиот писател Едвард Џејмс, на овие градби им нема слични во светот. Оваа надреална атракција прикажува бетонски архитектонски структури и нуди фантастични рути со кои посетителите се чувствуваат како да се движат помеѓу фантазијата и реалноста.

2) Планина на спасението, Ниланд, Калифорнија



Оваа пустинска атракција се наоѓа на час и половина возење од Палм Спрингс и претставува „почит кон Бог и неговиот дар на светот“ од нејзиниот креатор Леонард Најт.

3) Пловечките острови Урос, Езеро Титикака, Перу



Племето Урос кое живее тука го има задржано начинот на живот стотици години, а туризмот игра голема улога во нивното денешно опстојување.

4) Мистичните топли извори, Монро, Јута



Мајк Гинсбург има инсталирано кади во овој ресорт, кои им овозможуваат на љубителите на патувањата да уживаат во природните минерални води од длабочините на земјата.

5) Пештерите Ваитомо, Нов Зеланд



Овие пештери се дом на еден вид светлечки црви ексклузивни за островот Ваитомо.

6) Земјената формација Zhangye Danxia, Гансу, Кина



Оваа земјена формација е резултат на минерални депозити од пред повеќе од 24 милиони години, а локацијата е најатрактивна за гледање на изгрејсонце и зајдисонце.

7) Пештерата Сон Донг, Виетнам



Една од најголемите пештери во светот, Сон Донг има сопствена река и џунгла, а била откриена во 2009-та. Се верува дека била креирана пред 2,5 милиони години кога реката го еродирала варовникот под планината.

8) Ледените пештери Менхендал, Алјаска



Овие пештери се смета дека ja нудат една од најубавите глетки во светот и тоа со добра причина. Тие се лоцирани во внатрешноста на глечер долг 20км, а до нив може да се дојде исклучиво со кајак или со искачување во глечерот.

9) Езерото Хилиер, Австралија



Розовата боја на езерото Хилиер е резултат на специфичен вид на алга која расте во неговите води. Истата нема никаков несакан ефект врз локалниот див свет и луѓето кои го посетуваат.

10) Гејзерот Флај, Невада



Лоциран на приватно земјиште, овој гејзер бил сосема случајно креиран во 1964-та кога една геотермална компанија издупчила бунар. Притоа депозитите калциум карбонат формирале 3 необични структури кои изгледаат нереално.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби