Атрактивни туристички локации со тежок пристап

Низ светот постојат прекрасни атрактивни локации кои дефинитивно вреди да се видат, но кај некои од нив пристапот е тежок и не многу безбеден, па понекогаш е потребна и многу добра физичка кондиција за да се стигне до нив.

1) Тигрово гнездо, Бутан



Бутан е хималајска земја во која живеат околу 750 000 луѓе, а единствениот аеродром се наоѓа на 2.2км. надморска височина, опкружен со скоро 5км. високи планински врвови.

Тигровото гнездо, познато и како Паро Таксанг, е свет будистички храм и една од најголемите туристички атракции на оваа земја. Тој се наоѓа на скоро 900 метри височина, а за да се стигне до него потребно е прво да се поминат стрмни планински патеки (што трае околу 2 часа), потоа да се помине врз мост преку водопад (60 метри над езеро), за на крај да следува спуштање по стрмни скали во карпа.

2) Мачу Пикчу, Перу



Мачу Пикчу е едно 7-те светски чуда и се наоѓа на листата на многу светски патувачи. Овие антички руини се состојат од 200 структури и се наоѓаат на надморска височина од 2400 метри, изградени се во 15тиот век и напуштени во 16-тиот, а не биле познати за надворешниот свет до 1911 год.

За да се стигне до нив, туристите мора да поминат 42км. во планинарење кое обично трае 4 дена, и во кое е потребно да се искачат на височина над 4 километри.

3) The Wave („Бранот“), Аризона



„Бранот“ е карпеста формација во Аризона, која е станата позната откога беше ставена како позадина во Windows 7 оперативниот систем.

Денес, само 20 посетители дневно добиваат дозвола да планинарат тука, а за да се стигне до локацијата потребно е да се поминат околу 5 километри во еден правец, од кои последните неколку се по неасфалтиран пат кој некогаш поради временските прилики може да биде непрооден.

4) Ciudad Perdida, Колумбија



Колумбискиот „Изгубен град“ бил изграден од племето Тајрона околу 800-тата год. – 650 год. пред Мачу Пикчу. Овој антички град бил напуштен во 1500-тите и бил повторно „откриен“ во 1970-тите. Денес, до него се стигнува со планинарење кое трае 3 до 6 дена.

5) „Вратата на пеколот“ , Туркменистан



За да се влезе во Туркменистан, на посетителите им е потребна писмена покана, како и виза, а потребни се дозволи за посета на националните паркови и за патување во разните гранични зони. Покрај тоа, потребен е водич 24/7, за кој мора да се плати.

Процесот за добивање на виза може да трае и 6 недели, а процентот на одбивање е околу 50% (особено за транзитни визи кои овозможуваат патување без водич).

Кратерот Дарваза е една од најпознатите туристички атракции на Туркменистан и е резултат на копање на нафта во 1971-ва кога случајно било дупчено низ џеб со природен гас, кој потоа се срушил и го создал кратерот. За да се спречи ширењето на гасот, научниците го запалиле и тој сè уште гори и по 50 години. На кратерот му е даден прекар „вратата на пеколот“ и до него се стигнува преку неасфалтиран пат на кој луѓето често се губат или заглавуваат во песокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби