Тајни места скриени во познатите туристички атракции

Во туристичките атракции низ светот има многу „слоеви“ кои што посетителите можат да ги истражуваат, во кои спаѓаат и тајни места за кои повеќето луѓе воопшто не знаат дека постојат.

1) Мала полициска станица на плоштадот Трафалгар, Лондон



Една улична ламба на плоштадот Трафалгар во Лонон во себе крие минијатурна полициска станица, најмала во градот. Таа била инсталирана во 1926-та за полицијата биде блиску до протестите кои често се одржувале на плоштадот. Порано имала и директна телефонска линија до Скотланд Јард. Денес таа се користи како простор за складирање на опрема за чистење на плоштадот.

2) Апартман во Ајфеловата кула, Париз



Кога Густав Ајфел ја дизајнирал кулата, во неа вклучил и приватен апартман за себе поставен на врвот. Кога умрел, местото го оставил во одлична состојба и целосно опремено. Денес во него се поставени кукли на Ајфел и Томас Едисон, кој бил еден од ретките кој го имал посетено. Посетителите можат да го набљудуваат преку малечок прозорец, доколку купат билет за тоа на врвот на кулата.

3) Комора со документација во планината Рашмор



Зад главата на Абрахам Линколн се наоѓа комора каде требало да бидат складирани документите и артефактите најзначајни за американската историја, како што е Уставот и Декларацијата на независност. Иако овие најважни документи денес се лоцирани на друго место, во недовршената хала е сместена документацијата во врска со тоа зошто и како се направени спомениците во оваа планина.

4) Хипогеумот под Колосеумот



Кога Колосеумот се користел како арена, имал подземно ниво наречено Хипогеум каде била складирана комплексната машинерија потребна за разни специјални ефекти и каде што биле сместени животните и собите за гладијаторите. Ова ниво водело до тунели кои го поврзувале Колосеумот со околните градби, а денес до Хипогеумот може да се пристапи со специјален билет или низ тури на одредени компании.

5) Вински визби во Бруклинскиот мост



Откако инженерот Џон Реблинг го дизајнирал Бруклинскиот мост, успеал да го финансира со помош на продавачи на алкохол, а бидејќи неговите столбови секогаш биле студени, тој ги изнајмувал просторите во нив на разни продавачи за складирање на алкохол во доцниот 19 и почетокот на 20-тиот век. Денес, овие визби се претежно празни и на многу малку луѓе им е дозволено да ги посетат.

6) Подземниот простор под Меморијалот Линколн



Под стапалата на статуата на Линколн се наоѓа огромен подрум од 3 ката, со површина од 4000 квадратни метри. Кога конструкцијата на меморијалот започнала во 1914-та, инженерите таа област ја исполниле со столбови кои служат како потпора за мермерниот трон на Линколн. Овој простор бил заборавен сè додека не започнале реновациите на споменикот во 1975-та, а неговото повторно отварање се планира во 2022-ра, до кога ќе остане затворен за јавноста.

7) 103 кат на Емпаер Стејт Билдинг



На повеќето памфлети на Емпаер Стејт Билдинг пишува дека зградата има 102 ката, меѓутоа ова познато обележје на Њуjорк има и таен 103 кат. На 102-риот се наоѓаат скалила кои водат на уште еден кат, кој инаку е достапен само за инженери и ѕвезди од типот на Тејлор Свифт, Аријана Гранде и сл. На овој кат има уште едни скалила кои водат до „капсулата“ на зградата, а над неа е познатата антена.

8) „Пештерата на злите духови“ зад водопадите Нијагара



На страна од водопадите Нијагара се наоѓа скриена варовничка пештера наречена „Пештера на злите духови“. Како што сугерира името, луѓето веруваат дека таа е прогонувана од духови. Во 1763-та, во неа група британски војници била убиена во заседа од племето Сенека, а нивните тела биле пронајдени како пловат по реката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби