Дестинации кои вреди да ги посетите пред да исчезнат засекогаш

Земјата е дом на неверојатно убави природни места, но поради климатските промени и човечката негрижа, некои од нив се во опасност да исчезнат во наредните 100 години, па дури и порано. Еве некои од нив:

1) Сејшелските острови



Сејшелските острови, популарната дестинација на многумина (особено за поминување на медениот месец), се лоцирани во Индискиот океан до брегот на Мадагаскар, а исчезнуваат поради ерозијата на плажите и се во опасност комплетно да исчезнат во наредните 50 до 100 години.

2) Националниот глечерски парк на Монтана



Бројот на глечерите во овој национален парк е намален од 150 на помалку од 25, а за 15-тина години може да нема ниту еден.

3) Шумите во Мадагаскар



Поради нивното разретчување, тие се веќе намалени за 90%, а се предвидува дека ќе постојат уште само 35 години поради многубројните пожари и масовното сечење.

4) Венеција



Венеција тоне со години и не покажува знаци на сопирање, а сè посериозните поплави последните години исто така допринесуваат во исчезнувањето на овој „град на канали“.

5) Мртвото море



Во последните декади исчезната е околу една третина од Мртвото море кое е граница помеѓу Јордан и Израел, а се намалува за околу 1 метар годишно. Сè додека околните земји продолжуваат да ја користат водата од реката Јордан (единствениот извор на вода за Мртвото море), него може комплетно да го снема во блиската иднина.

6) Таџ Махал



Таџ Махал е една од најиконските градби во светот, но некои експерти се загрижени дека би можел да се сруши поради ерозија и загадувањето.

7) Дрвјата Џошуа



Овие дрвја кои растат во пустината Мохаве во Калифорнија се уникатно, но за жал поради големите суши тие може комплетно да исчезнат до 2070-та.

8) Египетските пирамиди



Египетските пирамиди и Големата Сфинга се соочени со ерозија од загадувањето, а подземните води и канализацијата и ослабуваат плочите на кои што се поставени, што еден ден може да доведе до нивен комплетен колапс.

9) Малдиви

Малдивите, кои се лоцирани во Индискиот океан, бавно тонат поради климатските промени. Научниците предвидуваат дека во следните 100 години тие може целосно да потонат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби