4 дестинации кои не можеше да се посетат пред 10 години

Додека некои туристички места се приморани привремено да ги затворат своите врати поради преголемиот број на туристи, други, штотуку почнуваат да ги отвараат. Еве кои локации не можеше да се посетат пред 10 години, а во годината што следува може да станат ваша дестинација.

1) Саудиска Арабија

Take a sneak peek of Saudi's spectacular Mada'in Saleh, open exclusively for guests of the Winter at Tantora festival • • • #Saudi #VisitSaudi #WelcomeToArabia #instatravel #WinteratTantora #Saudifestival #AlUla #AlUlafestival #MadainSaleh

A post shared by Visit Saudi (@visitsaudi) on


Оваа земја од Блискиот Исток која често е критикувана поради непочитувањето на човечките права, за прв пат е отворена за нерелигиозни туристи. Претходно, визите беа ограничени на работниците и нивните придружници, како и на муслиманите на аџилак во Мека и Медина. Од септември 2019-та, жителите на 49 земји можат да патуваат до сите, освен до овие два свети градови, како дел од напорот за подобрување на туризмот и модернизирање на имиџот на Саудиска Арабија.

2) Узбекистан

Узбекистан станала независна држава во 1991-ва, но дури од неодамна започнала да ги олеснува условите за влегување. Во декември 2017-та траењето на визата било продолжено од 7 на 30 денови и било објавено дека патниците од 45 земји ќе можат да влезат во неа без виза. Жителите, пак, од 101 земја ќе можат да транзитираат низ Узбекистан без виза.

3) Чернобил, Украина

Чернобилската катастрофа во 1986-та се смета за најлошата нуклеарна несреќа во светот. Oваа локација била затворена за јавноста до 2011-та.

Истоимената серија од 2019-та повторно го обнови интересот за Чернобил, па така неколку тур-оператори сега прават експедиции во Припјат, т.н „зона на исклучување“.

4) Пештерата Son Doong, Виетнам

Во 2010-та овој пештерски систем не можел да се посети бидејќи малкумина знаеле дека воопшто постои. За прв пат тој бил откриен во 1999-та од земјоделецот Ho Khanh, каде таму пронашол прибежиште од бура. Тој откритието го пријавил на BCRA (British Caving Research Association), но додека биде повторно лоцирано поминала една декада.

Со длабочина од 200 метри, широчина од 5 километри и сталагмити долги и до 25 метри, ова е најголемиот пештерски комплекс било кога откриен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби