Сè повеќе луѓе решаваат да патуваат со воз, од еколошки причини, но и поради фактот што за време на патувањето може да се ужива во прекрасните предели низ кои поминува железницата.
Еве неколку патувања со воз кои секој би требало барем еднаш да ги искуси во животот и колку траат во просек:
1) The California Zephyr, САД, 51 час
Не постои подобар начин да се види срцето на Америка од California Zephyr, пруга која се искачува по Карпестите (Rocky) планини и Сиера Невада, пред да се спушти кон Пацифичкиот брег.
2) The Canadian, Канада, 86 часаПатниците на Canadian поминуваат 4 дена гледајќи ги златните преријски полиња и останатите прекрасни пејсажи на патот од Торонто до Ванкувер.
3) Palace on Wheels (Палата на тркала), Индија, 7 ноќи и 8 дена„Палатата на тркала“ е луксузен ресорт во воз (во кој има и спа), кој патниците ги носи покрај храмовите во Индија, тврдини и Таџ Махал.
4) The Train to the Clouds (воз до облаците), Аргентина, 15 часаОвој воз ги следи цик-цак шините преку Андите на патот од Салта, па сè до границата со Чиле, а се работи за една од највисоките железници во светот.
5) The Shongololo Express, 12-15 дена
The Shongololo Express вклучува станици во резерватите на див живот и пазарите низ Боцвана, Мозамбик, Намибиа, Јужна Африка, Свазиленд, Замбија и Зимбабве.
6) Транс-Сибирска железница, Русија, 14 денаТранс-Сибирската железница нуди 14-дневна екскурзија низ Русија, од Владивосток до Москва, а поминува покрај Бајкалското езеро, најдлабокото езеро на Земјата.
7) The Orient Express, Обединето Кралство, Италија и др., 2 денаЕден век стариот Orient Express ги транспортира патниците во златното доба на патувањата со воз, а нуди вечера со 4 порции и гламур. Патувањето од Лондон до Венеција трае 2 дена.