Најдалечните хотели низ светот

Светот е преполн со дестинации кои вреди да се посетат, а некои од нив се во далечни региони од светот.

1) Хотел Арктик, Гренланд



Овој хотел се наоѓа во Илуисат, Гренланд (трет по големина град во Гренланд со 4500 жители), каде секој посетител добива сопствено алуминиумско игло, а до таму се стигнува со Air Greenland.

2) Winterlake Lodge, Алјаска

За многумина, Алјаска е синоним за „далечна локација“, но Winterlake Lodge е повеќе синоним за „екстремно далечна“. Тој е лоциран на скоро 320км. оддалеченост од Анкораџ, до каде се стигнува исклучиво со авион кој може да плови по површина на вода, или авион со скии. Тука може да шетате по глечери, набљудувате мечки, одите на риболов и сл., покрај посета на часови за готвење, масажи и јога.

3) Three Camel Lodge, Монголија

Пустината Гоби е местото каде се наоѓа овој „хотел“, каде може да искусите „луксузна верзија на традиционалниот номадски животен стил“. Постетителите престојуват во традиционален „гер“ (еден вид на шатор направен од неколку слоеви платно), каде има приватно купатило и  шпорет за греење. За да се стигне до таму, потребен е 90-минутен лет од Уланбатар (главниот град на Монголија), и потоа уште 90 минути со off-road возило.

4) Explora Rapa Nui, Велигденски остров, Чиле

Велигденскиот остров, познат и како Rapa Nui, е најмногу познат по масивните Моаи статуи. Explora Rapa Nui има 30 соби, базен, спа, ресторан и бар, а нуди активности како планинарење, нуркање и сл.

5) Longitude 131°, Австралија

Овој луксузен камп нуди прекрасен поглед на Улуру, познат и како карпата Ајерс.

6) Fogo Island Inn, Канада

Овој хотел се наоѓа на брегот на Њуфаундленд, а за да се стигне до него потребен е авион, автомобил и ферибот. Се работи за футуристички хотел каде има и мало кино, библиотека, сауна и џакузи на кровот.

7) Le Taha'a Island Resort and Spa, Тахити

Гостите тука можа да нуркаат, бидат дел од џип сафари, како и да уживаат во спа третманите во бујните  градини.

8) Serengeti Serena Safari Lodge, Танзанија

Хотелот е сместен во центарот на националниот парк Серенгети во Танзанија, каде може да се набљудуваат лавови и останати диви животни. Оние со подлабок џеб, до таму можат да стигнат со (приватен) авион, во спротивно до таму се стига преку 320км. долг пат од Аруша.

9) Kasbah du Toubkal, Мароко

Иако се наоѓа на само 65км. од Маракеш, Kasbah du Toubkal е поставен високо на планините Атлас, до каде се стигнува со 15 минутно искачување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби