10 напуштени цркви и манастири низ светот кои сѐ уште привлекуваат внимание

Напуштените цркви и манастири имаат посебна прогонувачка убавина, од исцртаните тавани до скршените витражи на прозорците.

1) Aulne Abbey (Белгија)

Овој манастир бил изграден во 657 година. И покрај тоа што бил значително оштетен од француските револуционерни трупи во 1794-та, последниот монах не си заминал од таму сè до 1859-та.

2) Методистичката црква во Боди, Калифорнија

Еден од најстарите „градови на духови“ во САД, Боди во Калифорнија, е дом на оваа добро сочувана дрвена црква, покрај 200 други градби од доцните 1800-ти.

3) San Bonaventura (Италија)

Селото Монтерано во Италија, на околу 40км. од Рим, било уништено од француската армија на крајот од 18-тиот век. Меѓу најпознатите негови руини спаѓа и црквата Сан Бонавентура, како и барокна фонтана со статуа на лав и двете дизајнирани од познатиот италијански вајар Жан Лоренцо Бернини.

4) Црквата на Светиот Спасител (Турција)

Во руинираниот средновековен град Ани во Турција се наоѓа околу половина од црквата на Светиот Спасител, која кога била комплетирана во 1035-та важела за импресивна структура. Се верува дека во неа некогаш се наоѓал дел од крстот на кој бил распнат Исус, а целата источна половина била уништена по удар на гром во 1930-та.

5) Црквата Dunlewey (Ирска)

Оваа црква била изградена околу 1830-та во селото Данлевеј, во областа позната како „Отруената долина“, која името го добила според една морничава легенда. Наводно, едноокиот крал Балор бил убиен од неговиот внук, Лугаид, при што од неговото око излегол отров кој ја расцепил карпата и ја затрул долината.

6) Црквата Геамана (Романија)

Со селото Геамана во западна Романија доаѓа тажна приказна. Во 1977-ма, владата на диктаторот Николае Чаушеску на населението му рекла да се релоцира, а областа ја потопила со кашестата маса од блискиот бакарен рудник. Сега, од црквата е видлив само врвот кој се издига на водата.

7) Манастирот на Santa Clara-a-Velha (Португалија)

Комплетиран е во 1330-та во близина на реката Мондего. Калуѓерките кои живееле во него биле приморани поради честите поплави да се иселат од него. Во 2009-та манастирот бил повторно отворен за јавноста.

8) Црквата St. Agnes (Детроит, Мичиген)

Готски инспирираната црква Св. Агнес во Детроит, Мичиген, била изградена во 1920-тите, па во неа дури и имало женска католичка школа со скоро 200 ученици. Немирите во 1967-ма го уништиле поголемиот дел од нејзиното соседство. Црквата била продадена во 2000-тите и од тогаш е празна.

9) Храмот San Juan Viejo (Мексико)

Во 1943-та, вулканот Парикутин го закопал малечкото мексиканско село San Juan Parangaricutiro под тон пепел и лава и продолжил да еруптира во следните 9 години. Населението се евакуирало на време, а денес руините на тамошната црква сè уште постојат, закопани до половина под вулканските карпи.

10) Whitby Abbey (Англија)

Кога помислувате на Дракула, најверојатно мислите на Трансилванија – но таа позната хорор приказна била делумно инспирирана манастирскиот комплекс во градот Витби на брегот на Англија. Авторот на Дракула, Бен Стокер, го посетил Витби во 1890-та и се инспирирал од книга во градската библиотека во која се зборувало за принцот Влад Цепеш, познат како Дракула.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби