10 најубави водопади во светот кои вреди да се посетат

Велат дека кога ќе се најдете во близина на величествен водопад, чувството едноставно е неверојатно.

Во прилог следат едни од најубавите водопопади на светот, кои доколку некогаш имате можност, дефинитивно треба да ги посетите.

1) Thi Lor Su (Тајланд)


Овој водопад се смета за еден од најубавите во Тајланд, и е лоциран на природниот резерват Умфанг. Тој е тешко пристапен и до него може да се стигне единствено со 3-часовно возење со брод и пешачење/планинарење од 10/ 25км.

2) Mealt Falls (Шкотска)

Околината околу овој 100 метри висок водопадот е карпеста и шарена, само докажувајќи дека Шкотска е една од земјите во светот со најпрекрасни пејсажи.

3) Yosemite Falls (Калифорнија)

Националниот парк Yosemite е еден од најубавите американски национални паркови, а водопадот е висок 740 метри и изгледа најраскошно ако го посетите во мај.

4) Kaieteur Falls (Гујана)

Лоциран во Потаро-Сипаруни регионот во јужноамериканската земја Гујана, водопадот Kaieteur е најголемиот водопад во светот според волуменот на водата која паѓа од висина од 250 метри. Истиот се смета за едно од најспектакуларните природни светски чуда.

5) Marmore Falls (Италија)

Конструиран од римјаните за да им помогне да се исушат мочуриштата во 271 п.н.е, овој водопад е една од најголемите туристички атракции во Умбрија, регион во централна Италија. Тој е поделен во 3 посебни водопади и е највисокиот во Европа.

6) Seljalandsfoss (Исланд)

Овој популарен водопад се наоѓа на јужниот брег на Исланд, паѓа од висина од 60 метри, а на долниот дел има патека зад која посетителите можат да пешачат.

7) Havasu Falls (Аризона)

Водопадот е лоциран во индискиот резерват Хавасупаи, име на племе што значи „луѓето од сино-зелените води“. За да се посети овој водопад е потребна дозвола, а за да се стигне до него потребни се 4 часа возење и дополнително пешачење од 16 километри.

8) Rhine Falls (Швајцарија)

Rhine водопадите се лоцирани на истоимената река, а се формирани од глечери. Широки се 150 метри и паѓаат од висина од 22 метри.

9) Златниот водопад (Тајван)

Златниот водопад во Џингуаши, Тајван, го добил името според неговата богата портокалова вода, резултат од долгите години рударство во областа.

10) Victoria Falls (Замбија и Зимбабве)

Лоциран на реката Замбези на границата помеѓу Замбија и Зимбабве, овој масивен водопад има раб долг повеќе од 1,5 километри, а висок е повеќе од 106 метри. Во 1800-тите години, од племето Кололо го добил прекарот „Чадот кој грми“, што станува многу поразбирливо откако ќе го видите и слушнете во живо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби