Најбараните Airbnb локации во изминатата декада

Airbnb, сајтот за изнајмување имоти и соби, беше лансиран во 2008-та.  Тие неодамна објавија листа на омилени локации на нивните корисници во изминатата декада.

1) 2019 – куќа на плажа (Санта Катарина, Бразил)

Оваа куќа со 4 спални и 2.5 купатила, доаѓа со сопствена приватна плажа, голема тераса и прекрасен панорамски поглед на океанот, а едно ноќевање во неа чини $58

2) 2018 – Пештерската куќа Хектор (Санторини, Грција)


Куќата има една спална и 2 купатила, а се наоѓа на работ на калдера (голем вулкански кратер), издлабена во карпа и оригинално се користела како вински подрум. Сега, овој бел, фотогеничен дом со приватен балкон и базен чини $441 за едно ноќевање.

3) 2017 - White Breeze апартман (Пукет, Тајланд)

Овој едноставен апартман со една спална (во зграда поделена во 3 објекти за рентање) е лоциран на јужниот крај на Пукет, познат по палмите и романтичните зајдисонца. Посетителите имаат директен пристап на базен и блиската плажа Раваи, а цената за едно ноќевање е $52.

4) 2016 - Everview Suite (Кејптаун, Африка)

Овој луксузен апартман има 3 спални и 3 купатила, како и простран базен. Цената за едно ноќевање е $164.

5) 2015 – куќа на дрво (Бали, Индонезија)

Уникатниов имот има една спална и 1.5 купатило, две веранди и приватен базен, а ноќевањето чини $71.

6) 2014 - Cob Cottage (островот Мејн, Канада)

Во рецензиите, гостите оваа колиба ја нарекуваат „магија“ и „како од сон“. Овој интимен имот со една спална и купатило е опкружен со неколку фарми и малечко лозје, а се наоѓа на 10 минути пешачење од плажа и чини $114за едно ноќевање.

7) 2013 - The Seashell House / куќата „Mорска школка“ (Исла Мухерес, Мексико)


Кога архитектот Едуаро Окампо се преселил на Исла Мухерес во 1994-та, бил маѓепсан од „планините“ морски школки, па така креирал дом инспириран од нив. Куќата „морска школка“ има 2 спални и 2 купатила, како и базен, а едно ноќевање во неа чини $299.

8) 2012 - Off-The-Grid House (Пајонертаун, Калифорнија)

Оваа куќа “исклучена од мрежата“ има 2 спални, 1 купатило и е 100% еколошка – напојувана со соларни панели за енергија и топла вода. Едно ноќевање во неа чини $450.

9) 2011 – Вилата Ла Селва (Тоскана, Италија)

Оваа камена куќа од 17-тиот век е опкружена со бујни маслинови градини, има 7 спални и 5 купатила, а во неа често се сместени поголеми групи луѓе, обично за свадби или фамилијарни собири. Во неа има и фурна за пица, базен со солена вода и камен амфитеатар, а едно ноќевање чини $880



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби