Некогаш и сега: 5 светски познати локации кои изгледаат поинаку од порано

Едни од најпознатите светски локации, низ годините значително го имаат променето изгледот поради разни причини – климатските промени, ерозија, старост, премногу туристи и сл.

Еве колку драматично се промениле некои од нив:

1) Таџ Махал, Индија



Таџ Махал бил изграден помеѓу 1631-ва и 1648-ма, во сеќавање на омилената жена на императорот Шах Џахан. Некогаш со сјајна бела боја, денес тој го има изгубено сјајот и има кафено-зеленкаста боја благодарeние на загадувањето и органските материи од инсектите.

2) Планината Килиманџаро, Танзанија



Снежните глечери на најголемата планина во Африка исчезнуваат – едниот изгубил 5 метри дебелина во периодот помеѓу 2000/2009, а останатите многу бргу се топат. Експертите предвидуваат дека северните глечери на Килиманџаро би можеле комплетно да исчезнат до 2030-та

3) Националниот парк на глечерите, САД

Глечерите во овој национален парк се топат со сериозна брзина – некои од нив се намалени за 85% во последните 50 години, а двата најголеми глечери би можеле да станат неактивни до 2030-та. Тоа значи дека кога мразот ќе се истопи ќе се формираат подлабоки езера, кои ќе имаат огромно влијание на екосистемот во паркот.

4) Мртво Море, Јордан и Израел



Високата концентрација на сол во Мртвото Море значи дека луѓето можат природно да „пловат“ во него, т.е да се одржуваат на неговата површина.

Денес, неговата површина се намалува за околу 1 метар годишно, а поради сè поголемите температури, многу помалку вода влегува во него од реката Јордан, поради наводнувањето.

Пред околу 50 години неговата површина изнесувала околу 1000 квадратни километри, а денес таа е 670 квадратни километри.

5) Пештерата Ласко, Франција



Посетителите на преисториската пештера во Ласко, Франција, предизвикале непоправлива штета на околу 600-те пештерски цртежи. Таа била откриена од тинејџери во 1940-та, а за јавноста била отворена во 1948-ма. Но, годините влажност од телесната топлина на посетителите и јаглерод диоксидот издишуван од нив, ги уништиле цртежите во неа.

Таа сега е затворена за јавноста, а туристите можат да видат нејзина детална реплика во центарот за посетители во близина на пештерата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби