Туристите во Тајланд може задолжителниот карантин да го минат на јахта

За туристите во Тајланд, задолжителен е двонеделен карантин, но сега, тие може тие две недели да ги минат на јахта. Владата се надева дека оваа нова иницијатива ќе донесе приходи од туризмот со јахти, кој вообичаено носи 58 милиони долари приход.



Овој потег е обид да „заживее“ туризмот во Тајланд, што претрпе тежок удар поради пандемијата на коронавирусот.

Во јануари, земјата објави шема што им овозможува на туристите да го минат карантинот на терени за голф, па и јахтите се дел од таа стратегија. Програмата ќе им овозможи на туристите со негативни тестови, задолжителниот карантин да го минат на крстосувачки брод во тајландските води.

Пријавувањето започна, а се очекува да се пријават вкупно околу 100 јахти за пробниот период. Туристите притоа ќе мора да носат и паметна нараквица која ќе ги следи нивната температура, крвен притисок и местоположбата.

По забраната за странски туристи во март минатата година, Тајланд постепено почна да ги отвора своите граници во октомври. Минатата недела, Министерството за туризам предложи план за карантин на популарни туристички места, вклучително и одморалишта на плажа. Овој план ќе почне да се спроведува во април и мај во туристичките места Пукет, Краби и Чијанг Маи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
1509.- Умре англискиот крал Хенри Седми, основач...
1699.- Умре францускиот писател Жан Батист...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби