Само за вистинските авантуристи: Со балон над Македонија

Ова лето е поинакво. Летово ја прославуваме слободата и авантуристичкиот живот, кој беше во застој изминатата година и пол. Топлото време е идеално за да излезете надвор и да создадете нови спомени, истражувајќи некоја нова авантура. Ако мислевте дека нашата татковина е убава само од перспективата од која досега ја гледавте, замислете колку прекрасно изгледа Македонија од воздух. Обиколка на повеќе локации во балон со топол воздух,со својата сакана или добро друштво. Сè што ви е потребно е само авантуристички дух, желба за нови искуства и храброст за освојување на небото!



Широките пространства на Македонија ни отвораат можност за секаков вид уживање, а наше е да го искористиме тоа на најдобар начин. Во Македонија, ова лето имате можност да летате со балон на топол воздух во височините, создавајќи уникатно искуство вредно за прераскажување со години.

Дури странците кои доаѓаат тука тврдат дека Македонија е земја совршена за алтернативен туризам, поради изобилството на природни убавини, историски значајни локалитети, храната и културата кои ги импресионираат посетителите. Збогатување на туристичката понуда преку развој на бренд дестинации за алтернативен туризам е целта на потпроектот „Македонија од воздух” кој е имплементиран од Здружението Македонски авантуристички дисциплини – Скопје, https://www.facebook.com/HotAirBalloonRidesInMacedonia, а финансиран во рамките на Проект за локален и регионален развој (ПЛРК). Во рамките на потпроектот се набави балон за летање на топол воздух и патничко возило за транспорт на туристите. Летовите можат да се изведат над Скопскиот, Кумановскиот, Свети Николскиот и Охридскиот регион како и Пелагонија и Полог. На сите овие локации, маркирани се идеалните точки за полетување со балон на топол воздух со што се создаде туристичка понуда која им нуди на туристите 60 минутно летање со балон и можност за несекојдневен и атрактивен начин да се запознаат со убавините на нашата држава.

„Развојот на алтернативните форми на туризам е тренд во светот, а масовниот туризам полека ја губи својата улога. Туристите сакаат да бидат активни, да имаат исполнето време и да доживеат и да искусат нешто ново. Овој потпроект ни овозможи да ја направиме земјава бренд дестинација за авантуристички туризам“, истакна Борче Пауновски, Претседател на здружението Македонски авантуристички дисциплини (МАД).

Токму иницијативата Проект за локален и регионален развој (ПЛРК), финансирана и поддржана од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, а која се спроведува од страна на Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, ги поттикнувa организациите како МАД да ги реализираат нивните идеи за да им понудат на туристите нешто поинакво. Меѓу приоритетите на овој проект се инвестирање во унапредување на капацитетите, подобрување на туристичката инфраструктура како и зајакнување на експертизата за управување со туризмот, каде се проценува дека поддршката е најпотребна. Дознајте повеќе за проектот на: https://lrcp.mk/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој старец кој никогашне бил
на лекар оди на преглед.Влегува
во болницата и застанува на
шалтер,а сестрата го прашува:
-Повелете господине.
-Сакам да разговарам со...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1503.- Роден е францускиот астролог Мишел де...
1546.- Роден е данскиот астроном Тихо Брахе, кој...
1788.- Умре германскиот композитор, чембалист и...
1799. - Умре Џорџ Вашингтон, американски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби