Сан Франциско прогласен за најдобар град во светот за 2021 година

„Time out“ го објави својот годинешен список на најдобри градови во светот, врз основа на мислењето на 27.000 анкетирани жители на поголемите светски градови. Така, најдобар град во светот за 2021 година, е Сан Франциско.



При истражувањето, предвид се земени ноќниот живот, рестораните и културните настани, како и чувството на заедница во градовите, што според написот, е особено важно при пандемијава. Испитувањето ги вклучува и еко-иницијативите, посветеноста на активизмот во градот и општата љубезност и гостопримливост на граѓаните. Во таа смисла, Сан Франциско е „ненадмината комбинација на прогресивност, прифаќање и одржливост“, посочува списанието.

Следат 10-те најдобри градови во светот:

1. Сан Франциско, Калифорнија, САД,

2. Амстердам, Холандија,

3. Манчестер, Англија, Обединетото Кралство,

4. Копенхаген, Данска,

5. Њујорк, САД,

6. Монтреал, Канада,

7. Прага, Чешка,

8. Тел Авив, Израел,

9. Порто, Португалија,

10. Токио, Јапонија.

Сан Франциско е пофален и за одговорот кон пандемијата. За време на карантинот, имено, „граѓаните најдоа начин да останат поврзани, па акцент е ставен на ресторани и кафулиња на отворено. Градските улици сега се како една голема забава под ведро небо“, пишува списанието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби